Неговото височество, Војводата од Кент, денеска ќе ја посети Република Македонија по повод активностите на Обединетото Кралство за одбележување на стогодишнината од Првата Светска војна.
-
Македонија 01.10.2018 11:02
-
Македонија 01.10.2018 10:59
Грција останува посветена на Договорот од Преспа
Грција останува посветена на Договорот од Преспа, објави синоќа грчкото МНР, веднаш по завршувањето на гласањето на референдумот во Македонија.
-
Македонија 01.10.2018 10:56
Хан: Широка поддршка за Преспанскиот договор
Од Брисел вчера се огласи еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Тој оцени дека гласовите „за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа.
-
Македонија 01.10.2018 10:52
Столтенберг повикува на конструктивност и одговорност од партиите
По завршувањето на референдумот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг повтори дека вратите на Алијансата остануваат отворени за Македонија, но дека сите национални процедури мораат претходно да се завршат.
-
Македонија 01.10.2018 10:48
САД: Граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ и за Договорот со Грција
САД ги поздравуваат резултатите од референдумот во Македонија на 30-ти септември, на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти синоќа Стејт Департментот.
-
Македонија 01.10.2018 09:43
Обработени 98,61 проценти: „За“ гласале 91,48, „против“ 5,64 отсто
Државната изборна комисија на својата веб страница изутринава соопшти дека од вкупно обработените 98,61 процент од избирачките места, покажуваат дека на референдумското прашање гласале „за“ 91,48 проценти или 605.016 граѓани, а против се изјасниле 5,64 проценти или 37.312.
-
Македонија 30.09.2018 23:42
Мицкоски: Народот кажа „стоп" за Договорот
Граѓаните кои гласаа против и граѓаните кои апстинираа од гласање денеска ја испратија најсилната порака „Ова е Македонија, овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски, нашите претци биле Македонци, а такви ќе бидат и нашите идни генерации“, порача лидерот на В
-
Македонија 30.09.2018 23:36
Заев: Граѓаните јасно се изјаснија „За“ договорот со Грција и членство во НАТО и ЕУ
На референдумот гласаа повеќе од 650 илјади граѓани и повеќето од 90 отсто гласа „за“.Со тоа порачаа дека Македонија треба да го прифати Договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ, порача вечерва премиерот Зоран Заев.
-
Македонија 30.09.2018 23:11
ДИК: „За“ гласале 91,25 отсто, „против“ 5,82 од обработените над 85 проценти
Државната изборна комисија вечерва на прес-конференција соопшти дека на референдумското прашање „за“ гласале 500.323 или 91,25 проценти, а „против“ 31.886 граѓани или 5,82 проценти.
Излезеноста, според досега обработените 85,71 процент од избирачките места, е 36,11 проценти. -
Македонија 30.09.2018 19:21
Затворени гласачките места
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.








