Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Скопје и Атина, по неделниот референдум во Македонија, да продолжат со имплементација на „историскиот договор“.
-
Македонија 02.10.2018 10:56
-
Македонија 02.10.2018 10:52
Гутереш: Политичарите да продолжат со спроведувањето на Преспанскиот договор
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика македонските политичари да продолжат со спроведувањето на Преспанскиот договор. Според него, огромно мнозинство гласало за поддршка на договорот.
-
Македонија 02.10.2018 09:46
Иванов: Реалноста е дека референдумот не успеа
Тивкото мнозинство одлучи, реалноста е дека референдумот не успеа. Не се обидувајте да ја измените оваа реалност- порача претседателот на државата Ѓорге Иванов во обраќањето до јавноста. Референдумот не е анкета, додаде Иванов, одлуката на граѓаните обврзува.
-
Македонија 01.10.2018 16:26
„МОСТ“: Гласањето помина во мирна атмосфера, со помали технички проблеми и нерегуларности
Гласањето на референдумот помина во мирна атмосфера, со понизок одзив од вообичаеното, помали технички проблеми и нерегуларности на кои институциите соодветно реагираа- оцени „МОСТ“.
-
Македонија 01.10.2018 16:12
ОБСЕ/ ОДИХР: Референдумот генерално мирен и добро организиран
Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ ОДИХР ги соопшти првичните наоди и заклучоци за референдумот. Констатирано дека денот на изјаснувањето бил генерално мирен и добро организиран, кампањата оценета како активна, администрацијата непристрасна. Забелешки за законската рамка за референдумот.
-
Македонија 01.10.2018 15:48
Метео: Сончево време со мала до умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во западните планински предели можна е појава на услови за краткотраен слаб локален дожд.
-
Македонија 01.10.2018 15:33
ДИК: Вкупно гласале 36,91% од запишаните гласачи, одлуката не е усвоена
Од 1.806.339 запишани гласачи своето граѓанско право да гласаат на референдумот го искористиле 666.743 или 36,91 процент- објави Државната изборна комисија по обработката на записниците добиени од 81 Општинска изборна комисија, вклучувајќи ги македонските амбасади.
-
Македонија 01.10.2018 15:17
Почнува новата академска 2018/ 2019 година
Почна академската 2018/ 2019 година. По една деценија повторно се враќа праксата учебната година да почне на 1-ви октомври, наместо како досега на 15-ти септември.
-
Македонија 01.10.2018 15:10
Влада на РМ: Референдумот е успешен
„Референдумот беше со цел да видиме каков е ставот на граѓаните по прашањето - дали Македонија треба да биде членка на НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот. Граѓаните достоинствено гласаа и со својот мнозински глас порачаа дека нашиот пат и нашата иднина се во НАТО и ЕУ“ – став на Владата.
-
Македонија 01.10.2018 14:35
Деновиве ќе се знае дали ќе има договор со опозицијата или ќе се оди на избори
За неколку дена ќе се знае дали има амбиент во Собранието за да се обезбеди двотретинско мнозинство за да се изгласаат уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција. Ова го изјави премиерот Зоран Заев.










