На вчерашниот референдум гласале 666.743 граѓани или 36,91 од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти ДИК по преброени 100 отсто од избирачките места.
-
Македонија 01.10.2018 14:16
-
Македонија 01.10.2018 13:44
Спасовски: Вратите на МВР отворени за квалификуваниот кадар од областа на безбедноста
На првиот академски час на новите 298 бруцоши на Факултетот за безбедност, министерот за внатрешни работи најави вработување на триесетина дипломирани криминалисти во МВР. Стручното и кадровското надградување на безбедносните служби ќе продолжи и во иднина, рече Спасовски.
-
Македонија 01.10.2018 13:12
Западните партнери се огласија по референдумот
„Граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција“, став на американскиот Стејт Департмент.
-
Македонија 01.10.2018 13:09
Заев: Утре почнуваат преговорите со опозицијата
За неколку дена ќе се знае дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за двотретинско мнозинство кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот кои произлегуват од Договорот со Грција.
-
Македонија 01.10.2018 12:55
Прв академски час на Економскиот факултет во Прилеп
Околу 200 бруцоши и уште 800 студенти на прилепскиот Економски факултет, денеска пригодно ја започнаа новата академска година. За идните економисти е најбитно да стекнат повеќе знаења, но и да се најдат на пазарот на трудот. Главно, сметаат, во приватниот сектор.
-
Македонија 01.10.2018 12:00
Во Кривичен денеска рочиште за „Титаник 2“
Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“ што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.
-
Македонија 01.10.2018 11:02
Војводата од Кент во посета на Република Македонија
Неговото височество, Војводата од Кент, денеска ќе ја посети Република Македонија по повод активностите на Обединетото Кралство за одбележување на стогодишнината од Првата Светска војна.
-
Македонија 01.10.2018 10:59
Грција останува посветена на Договорот од Преспа
Грција останува посветена на Договорот од Преспа, објави синоќа грчкото МНР, веднаш по завршувањето на гласањето на референдумот во Македонија.
-
Македонија 01.10.2018 10:56
Хан: Широка поддршка за Преспанскиот договор
Од Брисел вчера се огласи еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Тој оцени дека гласовите „за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа.
-
Македонија 01.10.2018 10:52
Столтенберг повикува на конструктивност и одговорност од партиите
По завршувањето на референдумот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг повтори дека вратите на Алијансата остануваат отворени за Македонија, но дека сите национални процедури мораат претходно да се завршат.







