И по својата репресивна содржина, и по насилниот начин на кој е донесен Законот за употреба на јазиците, не е израз на демократијата.
-
Македонија 14.03.2018 21:46
-
Македонија 14.03.2018 16:55
Донесен Законот за употреба на јазиците, во Собранието тензично
Тензично со турканици во пленарната сала, откако спекерот Џафери го стави на разгледување Законот за јазиците. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа процедурално да говорат, по што дојде до туркање меѓу спикерот Џафери и пратениците.
-
Македонија 14.03.2018 16:18
Судскиот совет не избра претседател на скопска Апелација, кандидатите на вонредно оценување
Судскиот совет го одложи изборот за претседател на скопска Апелација. По барање на членот Самарџиовски, беше одлучено да се изврши вонредно оценување на кандидатите.
-
Македонија 14.03.2018 16:02
Законот за јазиците во Собрание, Џафери ја прескокна точката
Пред почетокот на пленарката, Заев, Ахмети и Мицкоски на одвоени кординации со своите пратенички групи. Во салата пак, тензично и меѓусебно надмудрување меѓу собранискиот спикер Џафери и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 14.03.2018 15:55
Протест пред Собранието поради Законот за јазици
Протест против Предлог- законот за јазиците пред Законодавиот дом. Граѓани ја блокираа улицата пред Собранието. Рекоа дека се собрани за да го изразат својот револт против предложеното решение.
-
Македонија 14.03.2018 15:52
Зимбаков: Нема застој на Одделот за интервентна кардиологија
Одделот за интервентна кардиологија функционира тековно и нема застој, се третираат и најтешките случаи. Не е загрозена безбедноста на пациентите. Ова го изјави доктор Жан Зимбаков, директор на Клиниката за кардиологија, кој ги осуди обвинувањата на поранешниот директор доктор Сашко Кедев.
-
Македонија 14.03.2018 14:44
Договорот за „Казандол“ пред раскинување
Пробиени рокови, многубројни неправилности при изградбата на рудникот за бакар „Казандол“, утврдила работната група формирана од Владата. Портпаролот Бошњаковски потврди дека договорот е пред раскинување. Финалниот збор ќе го има Министерството за економија. Одлука ќе се донесе за една недела.
-
Македонија 14.03.2018 14:35
Метео: Сончево време со умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Во Скопје температурата ќе достигне до 18, а максималната на југоисток до 22 степена.
-
Македонија 14.03.2018 14:27
Бејли: Македонија и Грција да дојдат до заедничко решение
САД поддржуваат решение за името меѓу двата американски сојузници Македонија и Грција, изјави амбасадорот Џес Бејли. Официјален Вашингтон останува партнер на земјава.
-
Македонија 14.03.2018 14:15
Собрание: Џафери ја прескокна точката за Законот за јазиците
Претседателот на Собранието, Џафери ја прескокна точката за Законот за употреба на јазиците со која требаше да продолжи денешната 32-ра седница. Наместо тоа, седницата продлжи со гласање по други точки од дневниот ред.









