Со црвени линии не се оди на преговарачка маса, вели шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров за последните случувања на релација Скопје- Атина. Сѐ уште ја нема добиено нацрт- спогодбата од грчкиот колега Коѕијас, кој треба да ја посети нашата земја до крајот на месецов.
-
Македонија 12.03.2018 14:51
-
Македонија 12.03.2018 14:40
Новинарите протестираа пред Владата, притисоците и заканите мора да запрат
Притисоците и заканите мора да запрат- порака од новинарите на маршот во одбрана на слободата на говорот и интегритетот на фелата.
-
Македонија 12.03.2018 14:30
75 години од злосторството врз македонските Евреи
Геноцидот никогаш да не се повтори и да не се заборави злосторството врз 7.144 македонски Евреи чии животи знаснаа во логорите на смртта во Треблинка. Со минута молк во некогашниот Монопол, дипломатскиот кор и Еврејската заедница ја одбележа 75 годишнината од геноцидот во 1943- та.
-
Македонија 12.03.2018 14:23
Метео: Локални врнежи од дожд, температура до 19 степени
Утре во поголем дел од Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност.
Во крајните западни и источни делови се очекува зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд и ретка појава на грмежи.
-
Македонија 12.03.2018 13:27
Одложено продолжението на 35-тата седница
Триесет и петтата седница на Собранието на Република Македонија нема да се одржи денеска, соопштија од собраниската служба за информирање.
Посочуваат дека за продолжението на оваа седница дополнително ќе информираат.
-
Македонија 12.03.2018 13:02
Да не се повтори и да не се заборави: 75 години од депортацијата на македонските Евреи
Одбележани 75 години од депортацијата на македонските Евреи. Жалење и осуда за депортираните и убиените во логорот Треблинка. Испратена порака да не се повтори такво злостороство.
-
Македонија 12.03.2018 12:48
Европската перспектива ја засили регионалната соработка
Европската перспектива на Западниот Балкан ја засили регионалната соработка. Македонија и Босна и Херцеговина потпишаа спогодби за влез на македонските и босанските државјани само со лична карта, се признаваат возачките дозволи, а учениците и студентите ќе се третираат како домашни.
-
Македонија 12.03.2018 12:43
Заев очекува неделава да биде донесен Законот за употреба на јазиците
Премиерот Заев очекува неделава да биде донесен Законот за употреба на јазиците, согласно со Уставот и законите. Дебатата е отворена веќе девет месеци и како што вели, треба што побрзо да биде затворена. Според него, сите кажале сѐ што имаат, а било оставено и доволно време за дијалог.
-
Македонија 12.03.2018 11:24
Предврмената пролет- внимателна грижа за здравјето
Времето- пролет и пред да дојде пролетта. Температурните разлики и за 15-ина степени повеќе за кратко време, сериозно влијаат на здравјето, предупредуваат лекарите. Амбулантите со зголемен број пациенти.
-
Македонија 12.03.2018 10:59
Доцнат пролетните активности во земјоделството
Поради обилните дождови пролетните сеидбени работи ќе доцнат барем 15-ина дена, а кога ќе се повлече водата од нивите, според експертите житото мора да се прихрани зашто може да има намалување на приносите.










