Претседателот на државата е должен да го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Тврди дека не е прекршена процедурата при носењето на Законот.
-
Македонија 15.03.2018 15:47
-
Македонија 15.03.2018 15:25
Најавените врнежи не се опасност за поплави во Охрид
Високите температури кои придонесоа за брзо топење на снегот, како и обилните врнежи придонесоа нивото на Охридското Езеро нагло да се зголеми, така што денеска беа измерени 693, 82 метри надморска височина или 7 сантиметри над максимално дозволената кота.
-
Македонија 15.03.2018 15:02
Митрополит Агатангел: Го поддржуваме претседателот Иванов во намерата да не го потпишува Указот
Целосно го поддржуваме претседателот на Република Македонија, Ѓорги Иванов во намерата да не го потпишува Указот за антидржавниот и неуставен Закон за јазиците што беше донесен на вандалски и нецивилизиран начин.
-
Македонија 15.03.2018 14:55
Заев: Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот
Никој не е, и не може да биде над Уставот. Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и Амандманот 5, донесени пред 17 години, смета премиерот Зоран Заев.
-
Македонија 15.03.2018 14:02
ЕК очекува Законот за јазици да се испрати до Венецијанска комисија
Европската комизија очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен на увид до Венецијанската комисија.
-
Македонија 15.03.2018 13:51
Мичел на средби со грчкиот државен врв во Атина
Продлабочување на Американско- грчките стратешки врски и билатералната соработка во одбраната, енергијата, трговијата и инвестициите, ќе биде тема на разговорите на американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел на средбите со грчкиот државен врв во Атина.
-
Македонија 15.03.2018 13:22
„Катимерини“: На 22-ри март Коѕијас во Скопје, посетата во тензичен период
Посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на Скопје, веројатно на 22-ри и 23-ти март, доаѓа во период на зголемени политички тензии по вчерашните случувања во Собранието по донесувањето на Законот за јазиците, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
-
Македонија 15.03.2018 13:14
Опожарен автомобилот на пратеничката Шуманска- Митева, МВР презема мерки
Синоќа е опожарен автомобил „Сеад Леон“, сопственост на пратеничката Славица Шуманска – Митева. Инцидентот се случил во 1 часот и 30 минути по полноќ во Виница, на улицата „Славчо Стојменски“.
-
Македонија 15.03.2018 13:03
Новоизбраните членови на Советот на јавни обвинители дадоа свечени изјави во Собранието
Ќе ја оправдаме довербата, ќе работиме според Законот, новите членови на Советот на јавни обвинители, Солев и илиевски дадоа свечена заклетва. Илиевски на јавноста и е познат како адвокат на екс- разузнавачот Верушевски.
-
Македонија 15.03.2018 12:51
Џафери: Иванов ќе го прекрши Уставот ако не го потпише Законот за јазиците
Претседателот Иванов ќе го прекрши Уставот доколку не го потпише указот за прогласување на Законот за јазиците, смета собранискиот спикер.










