До 11 часот во вториот круг на локалните избори гласале 10,10 отсто од запишаните гласачи или вкупно 70.424 гласачи.
-
Македонија 02.11.2025 11:57
-
Македонија 02.11.2025 11:56
МВР: Десет пријави за прекршување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари
За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Т
-
Македонија 02.11.2025 11:44
Гласањето во Могила се одвива непречено
Во вториот круг се решава и за изборот на градоначалник во општина Могила. Како се одвива гласањето во Могила?.
Александра Максимовска е таму.
-
Македонија 02.11.2025 11:42
Гласањето во Неготино се одвива во најдобар ред
Во вториот круг се избира градоначалник и во општина Неготино. Како тече гласањето досега во оваа општина?
Петар Печков известува оттаму.
-
Македонија 02.11.2025 11:34
Во Кисела Вода се гласа за градоначалник на Скопје
Во 44 општини беа избрани градоначалници во првиот круг од овие 8-ми по ред локални избори, Кисела Вода беше една од тие општините, но во вториот круг гласачите на општината имаат можност да го изберат и првиот човек на Градот Скопје.
-
Македонија 02.11.2025 11:23
Куманово гласа за избор на градоначалник
Кумановчани во вториот круг имаат можност да изберат кој ќе раководи со градот во наредните четири години. Како се одвива изборниот процес во Куманово, известува Елена Георгиевска.
-
Македонија 02.11.2025 11:21
Втор круг за избор на градоначалник во Скопје
Во општина Ѓорче Петров градоначалникот го доби потребниот број гласови за избор во првиот круг, но таму жителите во вториот круг гласаат за избор на градоначалник на град Скопје.Анита Никушева известува од изборно место во Ѓорче Петров. -
Македонија 02.11.2025 11:16
Втор круг од локалните избори, гласањето се одвива непречено
Изборен ден во Македонија. Во 32 општини и во градот Скопје, милион 13 илјади 375 граѓани со право на глас денеска избираат градоначалници на осмите по ред локални избори во земјава. Гласачките места беа отворени во 7 и ќе се гласа се до 19 часот. -
Македонија 02.11.2025 10:18
МВР ќе користат и дронови за побрза реакција и преземање на соодветни мерки во случај на инциденти
Министерството за внатрешни работи во близина до избирачките места, постави полициски службеници за поголема ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир.
-
Македонија 02.11.2025 10:01
ДИК: Гласањето се одвива непречено, излезеноста до 09 часот е 2,88 %
Излезноста на вториот круг локални избори на ниво на цела Македонија е 2,88%, истакнаа од Државната изборна комисија.
До 9 часот, вкупно гласале 22.379 гласачи.










