Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука за одземање на акредитациите на осум домашни набљудувачи во Општина Шуто Оризари, поради постапување спротивно на Изборниот законик и Кодексот за набљудување.
-
Македонија 02.11.2025 16:27
-
Македонија 02.11.2025 16:20
Гласањето во Лозово се одвива во најдобар ред
Екипите на Македонската телевизија се распоредени низ различни избирачки места каде се гласа во вториот круг од локалните избори. Петар Печков денеска известува од тиквешијата.
-
Македонија 02.11.2025 15:58
Мала излезност во Сарај и Чаир
Општините Сарај и Чаир гласаат само за градоначалник на главниот град. Според последните информации од ДИК имаат најмала излезност.
Известува Ана Јосифоска
-
Македонија 02.11.2025 15:41
Обид за фотографирање на гласачко ливче во Шуто Оризари
И Шуто Оризари е една од четирите каде се гласа за градоначалник на општината, а на три избирачки места се повторува гласањето и за советници.
Наташа Јанчиќ- Менковски е во едно од избирачките места.
-
Македонија 02.11.2025 15:23
Гласањето во Општина Аеродром се одвива без проблеми
Гласањето на вториот круг од локалните избори почнува во 7 часот и трае непрекинато до 19.00 часот. Елизабета Кузмановска ги посети избирачките места во Општина Аеродром, каде граѓаните треба да изберат кој ќе раководи со општината и со Градот Скопје.
-
Македонија 02.11.2025 15:13
Разгледување приговори за гласањето
Во вториот круг локални избори, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Право на глас имаат 1.013.375 гласачи. Според последните информации од Државната изборна комисија до 13 часот излезноста е 18 проценти. Најголема има во Пробиштип, а најмала во Сарај.
-
Македонија 02.11.2025 14:48
Излезеноста до 13 часот – 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто
До 13 часот излезеноста на локалните избори во земјава изнесува 19,96 проценти, а во Град Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
-
Македонија 02.11.2025 14:32
МВР: Гласањето од вториот круг на локални избори се одвива мирно
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, соопштија од МВР.
-
Македонија 02.11.2025 14:26
Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите
Денес, 2-ри ноември, се одбележува Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите.
-
Македонија 02.11.2025 14:17
Намален интерес за гласање во општина Могила, во однос на претходниот круг
Намален интерес за гласање во првата третина од изборниот ден од вториот круг на локалните избори во општина Могила. Сите 23 гласачки места се отворени точно во 7 часот. Гласањето се одвива непречено и без проблеми.










