Новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ на првата седница го осуди политичкиот прогон од власта преку правосудните органи. Целта е замолкнување на секаква критика и ширење на страв меѓу народот и сите кои мислат поинаку, стои во дописот.
-
Македонија 16.01.2018 12:48
-
Македонија 16.01.2018 11:55
Директорката на градинката „Кочо Рацин“ тврди дека воспитувачката е сменета поради поплаки
Директорката на градинката „Кочо Рацин“ ги демантира тврдењата на Првата детска амбасада „Меѓаши“ и на родителите, кои вчера на прес- конференција изјавија дека ја бојкотираат наставата поради необразложено отстранување на една воспитувачка.
-
Македонија 16.01.2018 11:37
Утре во Њујорк нова рудна преговори за името
Без нов предлог за името, само идеи за кои се зборувало претходно, изјави медијаторот Нимиц за Грчката национална телевизија во пресрет на утрешната средба со преговарачите Василакис и Наумовски во њујорк.
-
Македонија 16.01.2018 11:11
ВМРО- ДПМНЕ: Втор месец не се преземаат никакви дејствија против притворените
Јавното обвинителство втор месец не презема никакви дејствија во истрагата што се води по политички монтираниот случај за тероризам.
-
Македонија 16.01.2018 10:36
„Фридом хаус“: Македонија- делумно слободна земја
Македонските граѓани уживаат делумна слобода, оценија од американската невладина организација „Фридом хаус“, во новиот извештај за слободата во светот во 2018-та година. Македонија е наведена како земја чии настани и случувања годинава треба да се следат.
-
Македонија 16.01.2018 10:30
Напаѓачот на Шекеринска ќе бара намалување на казната
Панче Ангелов, кој на 27-ми април лани во Собранието ја нападна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на јавна седница во скопска Апелација преку неговиот адвокат ќе бара намалување на казната.
-
Македонија 16.01.2018 10:26
Началникот на ГШ на АРМ, Величковски на заседание на Воениот комитет на НАТО во Брисел
Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал- потполковник Методија Величковски, во Брисел ќе учествува на заседанието на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови.
-
Македонија 16.01.2018 10:23
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг утре и задутре во Македонија
Утре и задутре во Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Ќе има средби со државниот врв и со лидери на политички партии. В четврток ќе се обрати пред пратениците во Собранието.
-
Македонија 15.01.2018 16:47
Апелација одби уште седум жалби за собраниските настани
Скопскиот Aпелациски суд ги одби како неосновани жалбите на седуммина осомничени за собраниските настани од 27-ми април минатата година.
-
Македонија 15.01.2018 16:28
Шекеринска: Посетата на генералниот секретар на НАТО е порака сама по себе
Поради пасивноста на претходната владина политика, проблемите за Македонија се мултиплицираа во однос на исполнувањето на критериумите за членство во Северноатлантската алијанса, оцени министерката за одбрана Шекеринска.










