Најниска температура изутринава во седум часот е измерена во Берово, минус четири степени целзиусови, по што следат Скопје Петровец и Тетово со минус три, Битола, Струмица и Демир Капија со минус два, Лазарополе, Штип и Куманово. со минус еден.
-
Македонија 23.11.2017 08:24
-
Македонија 23.11.2017 08:17
Заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија во Струмица
Во Струмица денеска треба да се потпишат десетина договори на првата заедничка седница меѓу Владите на Македонија и Бугарија.
-
Македонија 22.11.2017 16:31
Груевски на распит во СЈО како сведок
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на распит во Специјалното јавно обвинителство. Обвинителката Катица Јанева изјави дека бил повикан во својство на сведок за предистражна постапка за финансиски криминал, земење провизија за електрична енергија. Вели дека ова е нова постапка.
-
Македонија 22.11.2017 15:56
Прва правосилна пресуда за „Таргет- Тврдина“
Донесена e првата правосилна пресуда за случајот на СЈО „Таргет- Тврдина“. За ова Обвинителството водеше одвоена постапка. Еден од обвинетите го призна делото и доби условна казна затвор од шест месеци. Обвинителството не го открива неговиот идентитет.
-
Македонија 22.11.2017 15:15
ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазици е целосно неуставен
СДС го злоупотреби европското знаменце и ги излажа македонските граѓани. Ги злоупотреби евроинтегративните процеси за реализирање на обврските преземени од Тиранската платформа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека Законот за двојазичност е целосно неуставен.
-
Македонија 22.11.2017 14:55
Медицински сестри со три месеци курс- деградирана професија
Со тримесечен курс стануваат медицински сестри. Професијата е деградирана, регираат од здруженијата. Велат, сите медицински сестри завршиле континуирани медицински училишта.
-
Македонија 22.11.2017 14:35
Метео: Утре сончево и потопло
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец.
Во Скопје се очекува дневна температура од 14, а максималната дневна на југоисток ќе достигне до 20 степени.
-
Македонија 22.11.2017 14:32
Државата да не се меша во работата на медиумите
Во Македонија постои прекумерна регулација во приватните медиуми, властите не треба да се мешаат во програмската шема и уредувачката политика- анализа на Институтот за хуманистички науки и Здружението на новинари.
-
Македонија 22.11.2017 13:50
Заев- Бабиќ: Заложби за напредок на земјите од регионот во евроинтеграциите
Заложбите на Република Македонија и на Босна и Херцеговина за унапредување на меѓусебната соработка и за заеднички напредок во евроинтегративните процеси, за кои станало збор и при скорешната посета на македонската владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на Сараево, биле потврдени и
-
Македонија 22.11.2017 13:39
СЈО: Прва правосилна пресуда за предметот „Таргет - Тврдина“
Прва правосилна пресуда за предмет што го води Специјалното јавно обвинителство. Условна казна од шест месеци доби еден од обвинетите во предметот „Таргет- Тврдина“, кој во постапката самоиницијативно ја признал вина.










