На почетокот на наредната година заедничка седница на македонската и на српската влада. Ова беше најавено на состанокот на премиерите Брнабиќ и Заев во Белград, при што е потенцирано дека регионалната соработка е важна за мирот и стабилноста.
-
Македонија 21.11.2017 12:40
-
Македонија 21.11.2017 11:46
Утре амандманска расправа на Предлог- законот за употреба на јазиците
Утре на Комисијата за европски прашања, амандманска расправа на Предлог- законот за употреба на јазиците. ВМРО-ДПМНЕ поднесе 50 амандмани, СДСМ пет, а БЕСА два. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе се интервенира таму каде што сметаат дека се загрозува македонскиот јазик.
-
Македонија 21.11.2017 11:10
Бродот „Мис Стон“ извлечен од каналот Студенчишта
Се надмина инцидентот со бродот „Мис Стон“, кој делумно беше потонат во каналот Студенчишта и од кој беше излеана мала количина нафта, соопшти Општина Охрид. Со помош на брод од Хидробиолошкиот завод и дигалка, бродот беше исправен и прицврстен во близина на хангарот од Хидробиолошкиот завод.
-
Македонија 21.11.2017 11:04
Земјотрес утрово почувствуван во Велес
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка сакала денеска е почуствуван во Велес и околината.
-
Македонија 21.11.2017 10:49
Во Кривичниот суд рочиште за случајот „Труст“
Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да се одржи рочиште и за предметот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан. Тој се појави денеска во судот.
-
Македонија 21.11.2017 10:42
Повторно одложено судењето за случајот „Триста“
За 27-ми ноември е одложено судењето за случајот кој го покрена Специјалното обвинителство- „Триста“. Поранешниот помошник- министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, кој е обвинет во предметот денеска не дојде на рочиштето во скопскиот Кривичен суд од здравствени причини.
-
Македонија 21.11.2017 10:37
Студено со ниски утрински температури
И денеска и утре ќе биде студено, со ниска утринска температура. Потопло ќе биде в четврток кога се очекуваат 18 степени целизусови во југоисточните делови од земјата.
-
Македонија 21.11.2017 10:34
Собрание: В сабота седница за нов јавен обвинител
Собранието в сабота ја почнува расправата за предлогот за именување Јавен обвинител на Република Македонија. Владата го предложи Љубомир Јовески за нов државен обвинител. На оваа седница ќе се расправа и за Законот за заштита на сведоци и за Советот за утврдување на факти.
-
Македонија 21.11.2017 10:30
Шекеринска во официјална посета на Хрватска
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Хрватска, на покана на нејзиниот хрватски колега, министерот Дамир Крстичевиќ.
-
Македонија 21.11.2017 07:54
Премиерот Заев во официјална посета на Србија
Премиерот Зоран Заев престојува во официјална посета на Република Србија на покана на српската премиерка Ана Брнабиќ, со која денеска ќе има тет-а-тет средба.










