На граничните премини од македонска страна се чека 20 до 30 минути, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на патиштата низ дражавата се одвива пo суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна се чека 20 до 30 минути, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на патиштата низ дражавата се одвива пo суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е зголемен.
Полицијата приведе 41-годишен скопјанец, кој се обидел да препродава билети за претстојниот натпревар од УЕФА Супер куп, меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид кој ќе се игра вечерва на Националната арена „Филип Втори“.
Еужен Барбеза од „Хуманите“ се запрашува уште во самиот наслов од својот текст, дали „сѐ оди кон крај на раздорот околу Македонија?“ .
Продолжува масакрот на македонскиот здравствен систем. СДС досега разреши 60 директори на здравствените установи и на нивно место постави партиски послушници, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
И по 16 години мајчината болка е иста, спомените навираат. За синот Пецо кој замина со армискиот конвој и никогаш не се врати.
„Овие денови уште потешко, уште потажни сме. Нивните траги никогаш нема да се заборават“, вели Менка Секулоска.
Уште само неколку часа од почетокот на супер спектаклот во главниот град на Македонија, кој ќе го пренесуваат 300 телевизиски станици и ќе биде гледан од најмалку половина милијарда гледачи. Скопје дише во ритамот на Супер купот.
На покана на Европската фудбалска федерација (УЕФА), претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, синоќа присуствуваше на свеченоста за високите гости, по повод одржувањето на фудбалскиот спектакл – финалето на Супер купот на УЕФА.
Со високи температури од портокалова фаза и денеска ќе биде зафатена територијата на целата држава, соопшти Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со температура од 17 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Македонија успешно се справуваше со мигрантската криза- тврди Агенцијата за разузнавање. Интеграцијата на мигрантите не поминува без сериозни безбедносни закани. Како предизвици посочени културолошките разлики, можностите за насилен криминал, насилство, ризиците од тероризам.