Владата на вчерашната седница ги усвои законските измени за минималната плата што треба да достигне 12 илјади денари. Со одлуката ќе се обезбеди и финансиска поддршка на фирмите од Буџетот на Република Македонија.
-
Македонија 04.08.2017 13:12
-
Македонија 04.08.2017 12:49
Активни повеќе пожари низ земјава
Сѐ уште се активни повеќе пожари во земјава. Се интервенира во атарот на скопското село Студеничани, на Жеден во околина на Тетово, Македонски Брод, Крушево, во близина на битолските села Алданци и Норово.
-
Македонија 04.08.2017 11:58
За викендот многу топло, температури до 42 степена
Продолжува периодот на сончево, многу топло и суво време. До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса.
-
Македонија 04.08.2017 11:55
Локализиран пожарот кај Матка
Пожарот кај кањонот Матка е целосно локализаиран. Четири екипи на Противпожарната бригадата, вработени во „Паркови и зеленило“ и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување помогнале да се спречи ширењето на огнената стихија кон Водно.
-
Македонија 04.08.2017 11:17
Бејли: Законот за јазици треба да биде дел од Рамковниот договор
Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, во изјава за Алсат- М вели дека Законот за јазици треба да биде дел од Рамковниот договор. Тоа е важен договор и тој треба да остане во рамките на Охридскиот, поради обединување на општеството.
-
Македонија 04.08.2017 11:09
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја претвора Македонија во еколошка катастрофа
СДС ја претвора Македонија во еколошка катастрофа, велат во ВМРО-ДПМНЕ. По пожарот во депонијата во Струга се појавија и повеќе пожари низ земјава кои се прошируваат до сериозни размери поради неспособноста и неодговорноста на владата.
-
Македонија 04.08.2017 11:01
Сѐ уште гори кај Македонски Брод
Сѐ уште не е локализиран пожарот кај Македонски Брод, најопасно е кај село Требовље, а гори во атарот на селото Растеш кај месноста Лутоец.
-
Македонија 04.08.2017 07:57
Македонија во портокалова фаза
Почнувајќи од денеска и во текот на викендов територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза, информираше Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи. Предвидени се температури над 40. степен.
-
Македонија 04.08.2017 07:53
Владата го усвои предлогот за измени на Законот за минималната плата од 12.000 денари
Владата на Република Македонија синоќа на 19-тата седница го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата и со тоа ја започна законската процедура за зголемување на минималната плата на ниво од 12.000 денари.
-
Македонија 03.08.2017 16:04
ВМРО-ДПМНЕ: Владата потпиша штетен договор со Бугарија
ВМРО-ДПМНЕ со став- владата на Социјалдемократскиот сојуз потпиша штетен договор со Република Бугарија, зашто не ги задоволува националните интереси на Република Македонија. Децидни се, партијата нема да му даде поддршка на договорот.










