И за денеска метеорлозите најавуваат нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Според УХМР позначителна нестабилност повторно се очекува утре, попладне и во текот на ноќта кон сабота.
-
Македонија 15.06.2017 13:48
-
Македонија 15.06.2017 13:45
Струшката депонија сѐ уште гори, Стружани на протест
Струшката дива депонија речиси два месеца постојано гори, а поради густиот чад и непријатната миризба кои се шират низ градот граѓаните на Струга деновиве организираат протести на кои бараат итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот од градот и околните населени места.
-
Македонија 15.06.2017 13:13
Собранието ја продолжи седницата за избор на заменици- министри
Собранието ја продолжи петтата седница. Последна точка на дневниот ред е изборот на заменици- министри на владата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера побараа повеќе време да се дискутира за биографиите на предложените кадровски решенија.
-
Македонија 15.06.2017 13:05
ВМРО-ДПМНЕ: СДС не смее да ги игнорира проблемите на земјоделците
СДС ја има одговорноста да се грижи за земјоделството и не смее поради несериозниот пристап да трпи основната гранка за егзистенција на многу семејства во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 15.06.2017 12:48
Кумуцакос: Потребно е взаемно прифатливо решение за прашањето за името
Билатералните односи меѓу Македонија и Грција и нивната иднина во фокусот и на средбата што македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров вчера ја имеше со Јоргос Кумуцакос, од најголемата опозициска партија Нова Демократија.
-
Македонија 15.06.2017 11:06
Средба Заев-Орјан: Промените отвораат можност за израелски инвестиции во Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на државата Израел во Република Македонија Дан Орјан со кого се осврнале на добрата соработка меѓу двете земји и на перспективите за унапредување на економските односи.
-
Македонија 15.06.2017 10:14
Услови за користење на парите од ИПАРД 2
Сите кои конкурираат за ИПАРД 2 програмата мора да бидат регистрирани во системот за идентификација на земјишните парцели со точно определена минимална големина во зависност од културите кои ги одгледуваат.
-
Македонија 15.06.2017 09:01
УХМР: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со пороен дожд и грмежи во западните делови во претпладневните часови и околу пладне, а попладне нестабилно ќе биде во југоисточните делови.
-
Македонија 15.06.2017 08:12
Собранието ќе ја продолжи петтата седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи петтата седница на која како последна точка на дневен ред е изборот на заменици - министри на Владата.
-
Македонија 15.06.2017 08:08
Земјотрес почувствуван во Скопје и околината
Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е пoчувствуван изутринава во 06 часот и 07 минути во Скопје и околината.








