Патниот правец Маврово - Дебар на делот од Мелнички мост до селото Долно Косоврасти денеска од 13 до 17 часот ќе биде во прекин во двата правца.
Прекинот, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, е поради изведување градежни работи.
Патниот правец Маврово - Дебар на делот од Мелнички мост до селото Долно Косоврасти денеска од 13 до 17 часот ќе биде во прекин во двата правца.
Прекинот, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, е поради изведување градежни работи.
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Република Македонија треба да стане членка на НАТО и на ЕУ веднаш и без одложување, побара ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, критериумите се одамна исполнети.
Во фокусот на состанокот со генералниот секретар на Алијасата било изнаоѓањето на решение за деблокирање на членството на Македонија во НАТО.
Луѓето со попреченост мораат да имаат исти права, еднакви можности и пристап до сите услуги како и сите други лица. Само на тој начин ќе им се гарантира независен живот и право на индивидуалност.
По македонски и странски јазик, матурантите на испит по математика. Го полагаа третиот екстерен предмет од државната матура. Се пријавија 2.070 кандидати. Дека математиката не е лесна како јазиците, покажува времетрањето на испитот.
Во Специјалното јавно обвинителство продолжи распитот на неколку фунционери на ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Талир“. Директорот на Центарот за комуникации, Иво Котевски, изјави дека побарал увид во доказите, истовремено сомневајќи се дека СЈО воопшто има докази против него.
Обвинетите во случајот „Диво насеље“ повторно го бојкотираа процесот. Велат- во судницата немало правда, по што откако не ја послушаа наредбата да останат на столчињата и да не стануваат, еден по еден, под силно полициско обезбедување беа изнесени надвор.
Новата влада е решена да ги спроведе неопходните реформи за забрзување на евроинтегративниот процес на Република Македонија, истакнал македонскиот премиер Зоран Заев на средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
И денеска во Специјалното јавно обвинителство на распит неколку функционери на ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Талир“. Директорот на Центарот за комуникации, Котевски по распитот изјави дека побарал увид во доказите, но и дека е очигледно оти СЈО дејствува како партиска испостава на СДСМ.