Македонскиот претседател Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на новата влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако пречките за тоа, како што рече, биле отстранети.
-
Македонија 17.05.2017 14:13
-
Македонија 17.05.2017 13:31
Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека среда, 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
-
Македонија 17.05.2017 13:23
Могерини и Хан очекуваат брзо формирање влада
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во заедничка изјава ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му додели мандат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за формирање влада.
-
Македонија 17.05.2017 13:18
Заев: Во најкраток рок ќе се обидеме да составиме влада
Мандатарот за составување на новата влада Зоран Заев денеска по добивањето на мандатот од страна на претседателот Ѓорге Иванов изјави дека во најкраток можен рок ќе се обиде да го состави владиниот кабинет.
-
Македонија 17.05.2017 13:07
Талат Џафери на распит за собраниските настани
Претседателот на Собранието, Џафери во Јавното обвинителство дава исказ за собраниските настани од 27-ми април. Тој од парламентарното мнозинство беше избран за нов спикер, а потоа следуваше и упадот на граѓаните во Законодавниот дом.
-
Македонија 17.05.2017 13:05
Претседателот Иванов му го додели мандатот на Заев
Претседателот Ѓорге Иванов му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој пак јавно гарантираше зачувување на унитарноста на државата.
-
Македонија 17.05.2017 11:37
Сончево и потопло до сабота, од недела нов влажен бран
Сончево време со мала до умерена облачност и пораст на дневната температура се очекува од утре до сабота во земјава, најавуваат од УХМР.
-
Македонија 17.05.2017 11:23
Иванов ќе му врачи на Заев мандат за формирање Влада
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во 12 часот ќе го врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, информираат од кабинетот на Претседателот на РМ.
-
Македонија 17.05.2017 11:22
„За заедничка Македонија“ поднесе иницијатива до Уставниот суд за изборот на Џафери
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ поднесе претставката пред Уставниот суд за оценка на законитоста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.
-
Македонија 17.05.2017 10:52
Уставниот суд одлучи- земјоделските субвенции може да се исплаќаат
Уставниот суд на денешната седница донесе конечна одлука за укинување на оспорените одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, со што треба да се овозможи исплата на земјоделските субвенции.










