Зоран Заев свесно ја држеше Република Македонија во заложничка криза, а можеше уште пред три месеци да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, да ја отфрли платформата и да заврши кризата, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 19.05.2017 12:48
-
Македонија 19.05.2017 12:41
Средба Заев- Ахмети во седиштето на СДСМ
Во седиштето на СДСМ во тек е средба на Заев со Ахмети, по што се очекува викендот состанок на тесното партиско раководство на ДУИ кое ќе ги разгледува сите можносости околу учеството во новата влада.
-
Македонија 19.05.2017 12:25
Претседателот Иванов во посета на Кралството Јордан
Претседателот Иванов, утре ќе престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан. Ќе учествува на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, што се одржува во Аман.
-
Македонија 19.05.2017 12:04
Кривични пријави за уште две лица за нередите во Собранието
СВР Скопје поднесе кривична пријава против две лица, едно од Тетово, а другото од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.
-
Македонија 19.05.2017 11:11
Мајкл Дејвидсон на средби во Собранието
Раководителот за Македонија, Косово и за Албанија во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Велика Британија и Северна Ирска, Мајкл Дејвидсон е во работна посета во државава.
-
Македонија 19.05.2017 11:08
СЈО поднесе жалба на одлуката за притворот на Кочан
Специјалното јавно обвинителство поднело жалба до Кривичниот суд за неопределувањето мерка притвор за бизнисменот Сеад Кочан.
Вчера судија на предходна постапка одлучи на првоосомничениот во случајот „Труст“ да му биде одземен пасошот, а тој понудил гаранција од 785 илјади евра.
-
Македонија 19.05.2017 11:06
Франција очекува брзо формирање влада
Франција ја поздравува одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев, претседател на СДСМ, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
-
Македонија 19.05.2017 10:22
„Матурска парада“ по 11-ти пат
Околу 2 илјади матуранти од Македонија точно напладне ќе учествувааат на 11-та матурска парада. Традиционалната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Македонија“.
Во исто време и на иста музика ќе се танцува и во Струга, Охрид, Струмица и во Гевгелија.
-
Македонија 19.05.2017 09:38
Ден на бригадата за логистичка поддршка
По повод Денот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП), која е дел од АРМ, денеска во Техничко-ремонтниот центар (ТРЦ) во Скопје ќе се одржи воена свеченост.
-
Македонија 18.05.2017 16:39
Заев преговара, Груевски предупредува
Собранискиот спикер Талат Џафери до пратениците испратил известување дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев го има мандатот за формирање Влада. Се одржуваат или се договараат партиските средби за формирање на новата влада.










