За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Утре минималните температури на места ќе бидат за два до три степени пониски од денешните, а максималните дневни во благ пораст.
-
Македонија 21.04.2017 14:02
-
Македонија 21.04.2017 14:00
Локализиран пожарот кај „Здравко Цветковски“
Локализиран е пожарот што ги зафати напуштените бараки кај средното училиште „Здравко Цветковски“. Нема повредени лица и не постои опасност тој да се прошири, потврди командантот на бригадата за противпожарна заштита, Звонко Томески.
-
Македонија 21.04.2017 13:48
Кампања на МЖ Транспорт: „Не за селфи на воз- вреди да живееш“
„Не за селфи на воз- вреди да живееш“- со кампања Македонски Железници Транспорт ќе ја подига свеста кај учениците да не се сликаат на вагоните и да внимаваат на високо напонските жици. Поводот се еден смртен случај и неколку повередни момчиња.
-
Македонија 21.04.2017 13:19
Се бараат измени во Законот за лица со посебни потреби
Родители на деца со посебни потреби од вчера поставија шатори пред македонското Собрание. Велат дека ќе останат до сабота. Апелираат државата да им излезе во пресрет, за да им се подобрат условите за живот на нивните најмили.
-
Македонија 21.04.2017 12:49
Пожар во близина на средното училиште „Здравко Цветковски“
Гори објект во близина на средното училиште „Здравко Цветковски“. Очевидци велат дека станува збор за Заводот за архитектура и урбанизам. Се уште нема информации како избил пожарот.
-
Македонија 21.04.2017 12:05
Димитриев: Изјавите на Рама не се во прилог на добрососедството и градењето пријателски односи
Изјавите на албанскиот премиер Рама не се во прилог на добрососедството и градењето пријателски односи, пишува премиерот Димитриев на својот Фејсбук профил.
-
Македонија 21.04.2017 11:54
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протести
Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Се маршира во Скопје и во другите градови. Од оваа иницијатива сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа, и според нив, документот води кон бинационална, а не кон мултинационална држава.
-
Македонија 21.04.2017 10:47
Продолжува конститутивната седница на Собранието
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 21.04.2017 10:46
Граѓанскиот марш за Алепо поминува во Македонија
Учесниците од граѓанскиот марш за Алепо ја преминаа Српско-македонската граница. Маршот за мир за Сирија досега помина повеќе од илјада и 600 километри пеш низ повеќе европски земји.
-
Македонија 21.04.2017 10:43
Студено и ветровито
Времето денеска суво, студено и ветровито. Ветерот ќе биде северозападен, особено изразен долж повардарието.










