Студот им се заканува на земјоделците. Температурите, особено утринските, кои во наредните денови ќе се спуштат и до минус четири степени, може да им наштетат на овошките и на виновата лоза, предупредуваат агрометеоролозите.
-
Македонија 21.04.2017 10:24
-
Македонија 20.04.2017 16:29
Ново продолжение на конститутивната седница
Не е демократија ако се прават отстапки од сопствените национални интереси, кои самите ако не ги почитуваме, вредноста и кај останатите станува ниск- сметаат пратениците од Коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ.
-
Македонија 20.04.2017 15:53
Кина помага за модернизација на образованието
Интерактивни табли, систем за е- учење, печатачи, лаптопи, уреди за мрежно поврзување. 27 средни скопски училишта добија опрема од кинеската Влада со која се модернизира и осовременува македонскиот образовен систем.
-
Македонија 20.04.2017 14:56
Протест на родителите на децата со специјални потреби
Отворање дневни центри, стручен кадар кој ќе помогне во грижата за децата со посебни потреби, квалитетна терапија- се само дел од проблемите со кои се соочуваат овие луѓе. Во разговорот со министерот за труд и социјална политика посочија дека дел од нивните барања можат да бидат брзо решени.
-
Македонија 20.04.2017 14:08
Обука и натпревар за 3Д дизајнери
За изработка на филмови, реклами, видеоигри, секаде каде што е потребна визуелизација се потребни и 3Д дизајнери. На Македонија и недостигаат околу 2.000, велат познавачите. За таа цел од 22-ри април до 4-ти мај ќе има обука и сертифицирање на овој кадар.
-
Македонија 20.04.2017 13:50
Метео: Утре облачно и студено, од сабота постепен пораст на температурите
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно суво, студено и ветровито време, со засилен ветер од северозападен правец особено долж Повардарието и во источните делови.
-
Македонија 20.04.2017 13:26
Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“
И попладнево продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Се бара отфрлање на деструктивната Тиранска платформа. Речиси два месеца демонстрантите протестираат за унитарност на земјата.
-
Македонија 20.04.2017 13:11
Утре времен сообраќаен режим на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје
Времена измена на режимот на сообраќај ќе има утре на ул. „Филип Втори Македонски“, поради приклучување на објектот „Државни институции – Јавна администрација и Факултет за драмски уметности“ – Скопје на постојната водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, информираат од Г.Д.
-
Македонија 20.04.2017 12:44
Научна конференција „Библијата и книжевноста“ во МАНУ
„Библијата и книжевноста“ беа тема на денешната научна конференција која се оддржа во Македонската академија на науките и уметностите, а во организација на Балканскиот Институт за вера и култура.
-
Македонија 20.04.2017 12:25
Средба на вицепремиерот Адеми со евроамбасадорот Жбогар
Вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми денеска оствари редовна работна средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, на која било дискутирано за повеќе теми од европската агенда на Македонија.









