Пратениците во македонското Собрание денеска треба да ја продолжат дебатата за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 26.04.2017 08:30
-
Македонија 25.04.2017 15:24
Метео: Утре сончево и топло, температура до 25 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Во Скопје утре до 24 степени.
-
Македонија 25.04.2017 15:22
Собрание: 18-ти ден расправа за избор на Комисијата за избори и именувања
ВМРО-ДПМНЕ не прави блокада на Собранието, напротив води дискусија за предизвиците и последиците од Тиранската платформа, истакнаа од говорницата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 25.04.2017 15:08
Груевски: Брзи избори за излез од кризата
СДСМ поради изборната измама се соочува со револтот на граѓаните, брзи избори се најдобриот излез, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Потенцира, СДСМ и другите партии треба да внимаваат што прават, бидејќи ќе има и други избори во иднина.
-
Македонија 25.04.2017 14:56
Земјоделците на протест поради неисплатени субвенции
Протест на земјоделците поради неисплатени субвенции. Оние од скопскиот регион излегоа пред Министерство за земјоделство.
-
Македонија 25.04.2017 14:53
Мултилатерални консултации Македонија- НАТО во Брисел
На денешниот редовниот состанок во седиштето на НАТО во Брисел, се одржаа консултации во поглед на реализацијата на партнерските цели на Република Македонија, за остварување на идно полноправно членство во Алијанста, кое е стратешка цел на нашата држава.
-
Македонија 25.04.2017 14:36
Николовски: Избор на нова влада е решение на проблемот на земјоделците
Само избор на нова влада е решение на проблемот на земјоделците со субвенциите, велат од СДСМ. Љупчо Николовски порача- нема да дозволиме никој да си поигрува со интересот на граѓаните, додавајќи дека земјоделските субвенции не се партиска мерка туку државна.
-
Македонија 25.04.2017 14:24
АРМ: Продолжува соработката со Вооружените сили на САД
Соработката на АРМ со Армијата на Вооружените сили на САД за Европа продолжува во повеќе облици на активности од доменот на обуката, соопштија од АРМ.
-
Македонија 25.04.2017 13:12
Продолжи конститутивната собраниска седница
Во Собранието на Република Македонија продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 25.04.2017 12:52
Земјоделците бараат исплата на субвенциите
Земјоделци попладнево на собир пред ресорното министерството. Побараа средба со министрите за финансии, Кирил Миноски, за земјоделство Михаил Цветков, како и со директорот на Платежната агенција, Игор Златков.










