Седум килограми хероин заплениле царинските службеници изминатиот викенд, во саботата, при контрола на патничко возило на граничниот премиен Богородица. Хероинот бил набавен во Истанбул, а требало да биде пренесен во Нози Пазар.
-
Македонија 18.04.2017 12:26
-
Македонија 18.04.2017 12:16
Сообраќајна несреќа меѓу локомотива и автомобил на пругата Гостивар- Тетово
Сообраќајна несреќа меѓу локомотива и автомобил, вчера попладне се случила на железничката пруга Гостивар- Тетово, на влезот во Гостивар.
Со телесни повреди се здобил 20-годишен тетовец кој го управувал автомобилот. По укажана лекарска помош бил пуштен дома.
-
Македонија 18.04.2017 10:56
На „Ало докторе“ 1.375 повици за една недела
На телефонската линија „Ало докторе“ минатата недела медицински совет побарале 1.375 граѓани. Од 15-ти септември 2014-та година, од кога започна со работа линијата, до вчера имало вкупно 149.692 повици.
-
Македонија 18.04.2017 10:51
Манастирите и лековитите води магнет за верниците
Комплексот од девет манастири изградени уште од десетиот век во скопското село Говрлево го пленат здивот. Вратите се ширум отворени за верниците кои сакаат да се помолат и да побараат мир. Свети Трифун, Свети Петар и Павле, Света Недела слават на денот кога местото е преполно со народ.
-
Македонија 18.04.2017 10:20
Продолжуваат протестните маршеви низ Македонија
Речиси два месеца траат протестните маршеви на иницијативата „За заедничка Македонија“. Низ повеќе градови во земјава се бара зачувување на уставниот унитарен карактер на државата.
-
Македонија 18.04.2017 10:07
Билт во посета на Македонија
Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билт на социјалните мрежи ја најави својата денешна посета на земјава. Според Билт, крајот на уставната криза не е на повидок. Ситуацијата е тешка, наведува Билт, поранешен европски пратеник за Балканот.
-
Македонија 18.04.2017 10:05
Меѓународен ден на спомениците и локалитетите
Меѓународен ден на заштита на спомениците и локалитетите, претставен преку одржливиот туризам и културното наследство. Меѓународниот комитет, ИКОМОС, сака да поттикне локалните заедници да преземат поголема грижа за заштитата и конзервацијата.
-
Македонија 18.04.2017 09:58
Одложена седницата на Врховниот суд
Врховниот суд на Македонија требаше да одржи седница. Оттаму велат дека седницата се одлага за некој од наредните денови.
-
Македонија 18.04.2017 07:45
Собранието ќе ја продолжи конститутивната седница
По петдневна пауза, Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Почетокот на 13-тото продолжение на седницата е закажано во 11 часот.
-
Македонија 17.04.2017 15:15
УХМР најави нов влажен и студен воздушен бран од среда
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утре ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, која ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во среда, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во северозападните, северните и ис










