Позицијата на Европската унија во однос на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е непроменета- вели амбасадорот Самуел Жбогар. Според него, потребни се време и простор за СЈО да ја заврши својата задача.
-
Македонија 20.02.2017 14:07
-
Македонија 20.02.2017 13:38
Ристовски: Запишани 2.000 студени во проектот „30-35“
Запишани две илјади студенти во проектот „30-35“ на четирите државни универзитети во земјава. Се работи за можноста повозрасни лица (мажи над 35 години и жени над 30 години) да се запишат и завршат додипломски студии.
-
Македонија 20.02.2017 13:12
Метео: Сончево со мала облачност
Утре во Македонија се очекува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Сончевото време ќе продолжи и во наредните денови со постепен пораст на дневните температури.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 20.02.2017 13:00
Железничкиот сообраќај трет ден во прекин
Веќе трет ден возовите не сообраќаат во земјава. Ова е резултат на штрајкот на вработените во Македонски железници- Инфраструктура кои бараат исплата на платите.
-
Македонија 20.02.2017 12:56
Акција „Мрежа“: 30-дневен притвор за петмина осомничени за трговија со дрога
30 дена притвор им одреди судијата на претходна постапка на петтемина осомничени за трговија со дрога кои беа уапсени во полициската акција „Мрежа“.
-
Македонија 20.02.2017 12:20
Намалена видливост поради магла кај Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена на 50 до 100 метри на планискиот превој Стража, информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.
-
Македонија 20.02.2017 11:02
Поранешни функционери на МВР под истрага за изборни нерегуларности
Поранешни високи функционери на МВР и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица под лупа во Јавното обвинителство. Се сомничат за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања.
-
Македонија 20.02.2017 11:01
Нови избори- единствен излез од кризата
По средбата на ДУИ и Алијансата на Албанците на која ги разгледуваа опциите за формирање на парламентарно мнозинство со собирање на потписи, во фокусот на разговорите бил Законот за употреба на јазиците, кој албанските партии го поставуваат како главен услов за подршка на македонските политички п
-
Македонија 20.02.2017 10:38
Земјоделците стартуваа со прихранување на посевите, оштетувањата се минимални
Во најголемата житница се назира зелениот тепик. Првичните проценки се дека есенските посеви зимава одолееја на екстремно ниските температури и зголемената влага. Оштетувања се минимални, и главно ги има во сугарните ниви, вели земјоделецот Гоце Трајковски.
-
Македонија 20.02.2017 10:09
Градска болница се реконструира, се примаат само итни случаи
Од Градската болница „Свети Наум Охридски“ информираат дека е во тек целосна внатрешна реконструкција на објектот и затоа се примаат само итни случаи.










