Илјадници мигранти минале низ Македонија за да стасаат во Европската унија. Во моментов кај нас се 130- тина сместени во транзитно- прифатните центри и во Центарот за азил во Визбегово. Надлежните тврдат дека ги имаат неопходните услови за престој.
-
Македонија 23.02.2017 12:46
-
Македонија 23.02.2017 12:14
ДУИ утре ќе решава дали ќе влезе во владата
Претседателството на Демократската унија за интеграција на синоќешната седница ја прифати верзијата за употребата на албанскиот јазик, и како што изјавија претставници на партијата, приближени се ставовите со СДСМ.
-
Македонија 23.02.2017 11:29
Железничкиот сообраќај сѐ уште во прекин
Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат поради протестот на вработените кои бараат исплата на јануарската плата и гаранција дека наредните плати ќе ги добиваат редовно. Велат дека протестот ќе трае сѐ додека платите не легнат на нивните сметки.
-
Македонија 23.02.2017 11:27
Одложено рочиштето за случајот „Поткуп“
Се одложи судењето за случајот „Поткуп“, бидејќи лидерот на СДСМ, Зоран Заев добил награда за најградоначалник на Југоисточна и Средна Европа и ќе присуствува во Сараево на врачувањето на наградата. Неговата одбрана му презентираше известување на судот.
-
Македонија 23.02.2017 11:10
315 милиони евра за модернизација на АРМ
Македонија издвојува 315 милиони евра за модернизација на Армијата. Веќе 18-та година го поднесуваме извештајот за полноправно членство во НАТО. Денеска се одржуваат редовни билатерални консултации помеѓу Република Македонија и НАТО.
-
Македонија 23.02.2017 10:50
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме редефинирање на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ има намера да ја редефинира државата само за да дојде на власт и оти за оваа цел планира да ги крши и Уставот на Република Македонија.
-
Македонија 23.02.2017 10:47
ДУИ во петок ќе решава дали ќе влезе во владата
Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на синоќешната седница ја прифати верзијата за употребата на албанскиот јазик, а, како што изјавија претставници на партијата, приближени се ставовите со СДСМ.
-
Македонија 23.02.2017 10:44
Директна помош од 70 милиони денари за Железницата
Владата на последната седница донесла одлука за зголемување од околу 70 милиони денари на годишно ниво за директна помош на Железницата, соопшти Министерството за транспорт и врски.
-
Македонија 23.02.2017 08:29
Сончево со температура до 20 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од 13 до 20 степени.
-
Македонија 23.02.2017 08:24
Британскиот министер за Европа во посета на Македонија
Британскиот министер за Европа и Америка, сер Алан Данкан, е во дводневна посета на Македонија. Предвидени се средби со претседателот Иванов, со шефот на дипломатијата Попоски, како и со лидерите на сите политички партии застапени во македонското Собрание.










