Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, од први до четврти март ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Македонија- јавува МИА, што е потврдено од нејзиниот кабинет.
-
Македонија 22.02.2017 12:28
-
Македонија 22.02.2017 11:44
Уапсен осомничениот за убиството во Охрид
Фатен осомничениот за разбојништвото со смртни последици во Охрид, при што настрада 67- годишна жена. Јавното обвинителство соопшти дека во координирана акција на надлежните органини е уапсен Кумановец.
-
Македонија 22.02.2017 10:53
Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај
Железничкиот сообраќај е сѐ уште во целосен прекин поради протестот на вработените кои бараат исплата на јануарската плата. Не сообраќаат патничките и товарните возови.
-
Македонија 22.02.2017 10:50
Десетгодишно девојче со оштетен вид издаде стихозбирка
Долготраен аплауз од 200 присутни во салата на Собранието, измешан со емоции. Вака започна промоцијата на првата стихозборка на 10 годишната Јована Трајчевска. Својот талент кон поезијата го почувствувала пред година и половина, кога со помош на мајка ѝ почнала да ја пишува.
-
Македонија 22.02.2017 10:39
Поради задоцнето комисиско мислење- три месеци без социјален надоместок
45 годишниот Сејдо Ќазимоски шест години се бори со личната несреќа. Поради гангрена останал без нозе, но и без можност да работи, да почувствува животна исполнетост. Принуден е само да гледа како му поминува животот.
-
Македонија 22.02.2017 10:20
Второ рочиште за настаните во Општина Центар
Денеска е закажано второто рочиште за настаните во Општина Центар, судење за случајот покренат од Специјалното јавно обвинителство. Во него за насилство се обвинети 14 лица од кои 5 лица како поттикнувачи, а останатите се директни извршители.
-
Македонија 22.02.2017 10:13
Лоша година за овчарството
Лоша година за овчарството, долгата и студена зима ги зголеми трошоците за потребните поголемени количество храна за стадата. Од друга страна на сточарите ни пресметките дома не им се совпаѓаат со оние на пазарот.
-
Македонија 22.02.2017 08:20
Сообраќајот на патот Кичево-Охрид кај Врбјани во прекин поради минирање
Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид по планинскиот превој Пресека кај село Врбјани ќе биде во прекин поради изведување работи на пат - минирање.
-
Македонија 21.02.2017 17:18
Потребни финансии за изучување и грижа за јазикот
Поголема финансиска поддршка за изучување и негување на македонскиот јазик и зголемување на фондот на часови на мајчин јазик во основното и во средното образование за да може да ја води битката со глобализацијата.
-
Македонија 21.02.2017 15:31
Убиство во Охрид, полицијата трага по сторителот
67-годишната Спаса Б. од Охрид вчера е убиена во нејзиниот дом. Полицијата интензивно трага по сторителот на разбојништвото со последица смрт, кое се случило во периодот помеѓу 11 часот и 30 минути и 19 часот и 25 минути.










