До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска до 14:00 часот политичките партии и коалициите не поднеле приговори за гласањето, сумирањето и утврдувањето на резултатите од неделните предвремени парламентарни избори, информираат од Комисијата.
-
Македонија 13.12.2016 14:21
-
Македонија 13.12.2016 12:32
Совет на ЕУ: Позитивната оценка за изборите клучна за евроинтеграцијата на Македонија
Советот за општи работи на Европската унија, денеска во Брисел треба да го усвои пакетот за проширување на Европската комисија и да донесе заклучоци за Самитот на Европскиот совет закажан за в четврток.
-
Македонија 13.12.2016 11:03
Хан и Могерини честитаа, очекуваат брзо формирање влада и активна опозиција
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, доцна синоќа излегоа со позитивна оценка за парламентарни избори во Македонија.
-
Македонија 13.12.2016 10:50
Стејт Департмент: Изборите- важен чекор за излегување од политичката криза
Гo поздравуваме големиот одѕив на македонските гласачи и мирните демократски избори во Македонија, е реакцијата од американскиот Стејт Департмент за вонредните парламентарни избори.
-
Македонија 13.12.2016 10:45
СДСМ: Граѓаните покажаа дека сакаат живот во Македонија и избраа промени
И првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија потврдија дека Груевски е поразен, граѓаните покажаа дека сакаат живот во Македонија и избраа промени, стои во реакцијата од опозицискиот СДСМ.
-
Македонија 13.12.2016 10:43
Груевски: Што побрзо да се формира новата Влада
Треба што побрзо да се формира новата влада, да продолжиме со силното темпо на работа и да се вратиме на патеките на економијата, на сите реформи поврзани со членството во ЕУ и во НАТО, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пред партиските поддржувачи на синоќешниот собир откако ДИК обја
-
Македонија 13.12.2016 10:37
Разлика од два мандата: Тесна победа на ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ
Победа на ВМРО-ДПМНЕ со 51 мандат за 12-тиот собраниски состав. Тесна разлика, СДСМ освои 49 пратенички места. Излезноста достигнала 66,82 насто, односно гласале 1.191.521 македонски државјанин со право на глас.
-
Македонија 13.12.2016 08:39
Величковски на конференција на началниците на трансформација на НАТО
Началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски од денеска до 15 декември ќе учествува на НАТО конференцијата на началниците на трансформација.
-
Македонија 13.12.2016 08:37
Коловозите влажни, слаб снег кај Кула, Страцин и Деве Баир
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег, кој не се задржува на коловозот, провејува на Кула, Страцин и граничен премин „Деве Баир“, соопшти Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
-
Македонија 12.12.2016 22:17
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 51 мандат, СДСМ 49
На вчерашните предвремени парламентарни избори во Македонија ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 мандат, СДСМ 49, ДУИ 10, Движењето БЕСА 5, Алијанса за Алабнците три, а ДПА два.








