Американскиот амбасадор Џес Бејли во изјава за медиумите оцени дека изборите поминале во мирна атмосфера, со помали недостатоци и изборни нарушувања. Укажа дека ќе мора да се надминат некои институционални недостатоци во ДИК.
-
Македонија 12.12.2016 17:01
-
Македонија 12.12.2016 16:52
Меѓународните набљудувачи со првични заклучоци за изборите
Парламентарните избори беа конкурентни и суштински чекор во решавање на политичката криза во земјава.
-
Македонија 12.12.2016 16:29
Курц и Сијарто очекуваат да се формира стабилна влада
Фер, слободни и успесно организирани избори во Република Македонија- ова се впечатоците на шефовите на дипломатиите на Австрија и Унгарија, кои заедно со Словенија беа организатори на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите- членки на ЕУ, на кој учествуваше и македонскиот
-
Македонија 12.12.2016 16:14
Победи демократијата, следува формирање коалиции и Влада
Победи Македонија, народот, нејзините граѓани е оценка на лидерите на политичките партии- учеснички на предвремените парламентарни избори. Некој повеќе некој помалку задоволен, но сепак тонот е дека во Македонија победи демократијата преку фер и демократски одржаните избори.
-
Македонија 12.12.2016 15:45
Помали инциденти за време на гласањето во неколку градови низ земјава
По вчерашните податоци на прес- конференциите, МВР преку соопштение го дополни билтенот на помали инциденти за време на гласањето во неколку градови низ земјава. Карактеристични се десетина случаи на фотографирање на гласачко ливче што ги евидентирало МВР.
-
Македонија 12.12.2016 14:17
Прелиминарни резултати: ВМРО-ДПМНЕ 452.709, СДСМ 436.469 гласови
Од обработените 99,72 насто од гласовите, или од 3.514 од вкупно 3.524 избирачки места, Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 452.709 гласови, односно 38,6 проценти, СДСМ и Коалицијата 436.469 или 36,69 насто од гласовите, ДУИ 86.812 или 7,3 насто, БЕСА 57.092 или
-
Македонија 12.12.2016 14:01
Метео: Сончево, ветровито и студено време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево, ветровито и студено време на места со мала облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец кој долж Повардарието и на повисоките места ќе достигнува брзина до 80 километри на час.
-
Македонија 12.12.2016 13:12
ДЕОМ: Изборниот процес помина мирно
Ограничената меѓународна набљудувачка мисија (ДЕОМ) на Советот за јавна дипломатија на Каталонија, кои ги следеа вчерашните парламентарни избори во државава, по покана на Државната изборна комисија, оценува дека изборниот процес поминал мирно. -
Македонија 12.12.2016 12:54
Собранието се конституира 20 дена по изборите
Според член 63 од Уставот на Република Македонија, новоизбраниот состав на Собранието се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, која ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.
-
Македонија 12.12.2016 12:47
Министрите за надворешни работи на ЕУ задоволни од изборите
Министрите за надворешни работи на 28 земји- членки на Европската унија денеска во Брисел имаат работен појадок со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.










