По пристигнатите 260 барања и врз основа на првичната проверка на пристигнатите барања за доделување субвенции за купување печки на пелети средствата предвидени за оваа намена се исцрпени, информира денеска Град Скопје.
-
Македонија 20.10.2016 16:23
-
Македонија 20.10.2016 15:55
НДМ: Одлуката за распуштање на Собранието е неуставна
Народното движење за Македонија со иницијативата до Уставниот суд ја оспорува одлуката за распуштање на Собранието од 17-ти месецов. Во Уставот експлицитно е утврдено дека рокот за избор на пратеници е 60 дена од денот на распуштањето на парламентот, вели Бачев.
-
Македонија 20.10.2016 15:09
Судиите под притисок, наредбите не им поминуваат
Сослушувањето на петте судии од Управниот суд од Специјалното јавно обвинителство за првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџовски, преставувало пристисок врз судството. Посочи дека судиите биле повикани во сјо поради донесените пресуди за изборните процеси.
-
Македонија 20.10.2016 15:02
УНФПА: Родовата нееднаквост ги подрива здравјето и правата на девојките
Раното стапување во брак, тинејџерската бременост и другите манифестации на длабоко вкоренетите родови нееднаквости ги подриваат здравјето и правата на девојките и се закануваат на амбициозната агенда за развој на светот, предупредува Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), во денеска о
-
Македонија 20.10.2016 15:01
Метео: Облачно со повремени врнежи
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од југоисточен правец.
Во сабота сѐ уште на места ќе има послаби врнежи особено претпладне, а од недела следува период на сончево стабилно и потопло време.
-
Македонија 20.10.2016 14:42
Попоски во Берлин: Успешно спроведување на изборите
Сите да се посветиме, во Македонија успешно да се спроведат изборите, и на тој начин да се отворат поглавјата за преговори со Унијата, изјави по средбата со германскиот министер за надворешни Франк Валтер Штајнмаер, шефот на нашата дипломатија, Никола Попоски.
-
Македонија 20.10.2016 14:35
Обвинителите на СЈО сѐ уште се во УБК
Тимови на СЈО сѐ уште се во УБК кадешто постапуваат по двете наредби на Кривичниот суд, а во врска со предистражната постапка за да се утврди кој прислушувал.
-
Македонија 20.10.2016 14:31
Тодоров: Објавен тендерот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје
Објавен е тендерот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти денеска на прес- конференција вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров.
-
Македонија 20.10.2016 13:01
Караџовски: Да престанат притисоците врз судската бранша
Да престанат притисоците врз судската бранша, повика првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџовски. Ова особено се однесува на медиумите, потенцираше тој, по неговата изјава за судијките кои биле повикани во СЈО.
Караџовски нема информација дали е прифатена судската наредба во УБК.
-
Македонија 20.10.2016 12:34
„Топлик“ и „Тендери“ - нови истраги на СЈО
„Топлик“ и „Тендери“ се двете нови истраги што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, поради основано сомневање за оштетување на државниот буџет.









