На дневен ред на 111.
-
Македонија 29.08.2016 08:17
-
Македонија 26.08.2016 16:45
Агенцијата за медиуми ја усвои методологијата за предизборен мониторинг
Едногласно усвоена методологијата за покривање на предизборните и изборните активности од страна на телевизиите и на радиодифузерите на 100 дена пред денот на изборите.
-
Македонија 26.08.2016 16:33
Засилена билатерална и економска соработка меѓу Македонија и Турција
Зајакнување на соработката со безбедносните служби во борбата против глобалниот, но и регионалниот тероризам, заеднички одговор на мигрантската криза, засилена билатерална и економска соработка меѓу Македонија и Турција, било договорено на работната средба на македонскиот претседател Ѓорге Иванов
-
Македонија 26.08.2016 16:25
Татковинска прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ од 4 до 11 септември
На 4 септември во Ватикан папата Франциск ќе ја прогласи хуманитарката Мајка Тереза за светица. Во чест на канонизацијата од 4 до 11 септември во Скопје ќе се одржува татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“.
-
Македонија 26.08.2016 16:20
Метео: Сончево и стабилно време за викендот
За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево стабилно и тивко време со слаб ветер од северен и североисточен правец.
Од понеделник продолжува периодот на сончево и потопло време со пораст на температурите.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 26.08.2016 16:11
Истражување: Пратениците само понекогаш работат во интерес на граѓаните
Пратениците во Собранието ги застапуваат личните и интересите на нивните политички партии, сметаат две третини од анкетирните граѓани во истражувањето на Институтот за демократија. 53 насто од испитаниците се на став дека пратениците само понекогаш работат во интерес на граѓаните.
-
Македонија 26.08.2016 15:58
Здравствените тимови се повлекуваат, епидемиолошката состојба е стабилна
„Епидемиолошката слика е стабилна - имало цревни и респраторни заболувања“- вели директорот на Инфективната клиника, Ѕвонко Миленковиќ. Сепак, предупредува дека ризикот за заразни болести не поминал. По инкубацискиот период, можно е да се појават во четвртата недела.
-
Македонија 26.08.2016 15:08
Вонредна дезинсекција во поплавените подрачја
Утре од 23 до 2 часот по полноќ ќе се спроведе вонредна дезинсекција против комарци во подрачјето што беше зафатено со поплавата на 6-ти овој месец.
Градот Скопје ќе ја изврши теренската дезинсекција по барање од Министерството за здравство, а по претходно донесен заклучок од владата.
-
Македонија 26.08.2016 13:29
Од 4-ти до 11-ти септември чествување за Мајка Тереза
Татковинската прослава „Денови на Света Мајка Тереза“, ќе се одржи во Скопје од 4-ти до 11-ти септември. Денеска се одбележуваат и 106 години од нејзиното раѓање.
-
Македонија 26.08.2016 13:15
Се чекаат резултатите од анализата на производите од полавените подрачја
Од Државниот инспекторат за земјоделство се подигнати мостри за испитување на квалитетот на производите од поплавените подрачја. Се очекуваат резултатите. Од инспекторатот и натаму со апел да не се продаваат земјоделските производи од овие региони, ниту да се откупуваат.










