Пронајдените примероци риба во Дојранско Езеро не се опасни за капачите. Нема потреба да се шири паника- констатираа надлежните институции. Ќе се вршат генетски испитувања, досега е утврдено дека е неавтохтон вид, не е пирана, и се храни со растителен свет.
-
Македонија 30.08.2016 16:20
-
Македонија 30.08.2016 16:14
Нема договор во ад хок телото за медиумите за избор на петтиот член
Нема одлука за 5-тиот член на ад хок телото за следење на медиумите ниту ден пред најавената лидерска средба. Еден од двајцата кандидати кој влезе во потесниот кург, Даут Даути, ја повлече кандидатурата.
-
Македонија 30.08.2016 16:06
Детската болница Козле доби нов видео бронхоскоп
Детската болница за белодробни заболувања во Козле доби нов современ апарат за бронхоскопија. Треба да овозможи поефикасна и побрза интервенција во случаите, кога во дишните патишта на децата се откриваат и се отстрануваат туѓи тела.
-
Македонија 30.08.2016 15:44
Метео: Сончево и топло со умерена облачност, поизразена нестабилност во четврток
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност.
Кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста со услови за локална појава на краткотрајни врнежи и ретки грмежи особено во северните делови.
Поизраезена нестабилност ќе настапи во четврток.
-
Македонија 30.08.2016 15:11
Нема договор за избор на петтиот член на ад хок телото
И денеска привремената комисија за следење на медиумското изборно претставување без договор за избор на петтиот член. Неизвесно е дали до утре за кога е најавена лидерска средба ќе се најде решение, откако еден од кандидатите Даут Даути се откажа од трката.
-
Македонија 30.08.2016 14:59
Пуштена во употреба нова градинка во Радишани
Во Радишани отворена нова градинка со капацитет да згрижи 120 деца од предучилишна возраст. Покрај петте занимални, има и медицинска соба за првично згрижување болни деца.
-
Македонија 30.08.2016 14:53
Систем „капка по капка“ и квалитетни ѓубрива за двојни приноси на пченка
Илчо Даскалоски од прилепско Мало Коњари е еден од најпродуктивните земјоделци во пелагониско. Со системот капка по капка и со напредните течни ѓубрива двојно ги зголеми приносите на силажна пченка и ги намали трошоците на производство, обезбедувајќи ја храната за добитокот.
-
Македонија 30.08.2016 13:55
Стајковци: Училиштата се подготвуваат за 1-ви септември
Пред да чукне ѕвончето за старт, се прават последните подготовки. Најраздвижено е во училиштата кои пред неполн месец беа поплавени. Со помош на општината и на невладините, 1.438 ученици во „25 мај“ ќе ги имаат сите услови за настава во новата учебна година, вели директорот.
-
Македонија 30.08.2016 13:30
Не постои навика за пријавување корупција
Судиите, министрите и пратенците се најкорупирани, а секој трет граѓанин се соочил со барање за поткуп, покажува извештајот на Центарот за меѓународна соработка.
-
Македонија 30.08.2016 13:23
Санирање на најкритичните точки на браните на реката Пена
Потпишан договор меѓу министерството за локална самоуправа и УНДП вреден 330 илјади евра за санирање на најкритичните точки на браните на реката Пена во Полошкиот регион. Во првата фаза министерството од буџетот одвои 200 илјади евра.










