Целосно изгоре млекарницата „Николови“ во Свети Николе. Пожарот избувнал изутрината во 9 часот, во погонот за пакување млеко и млечни производи, кога работниците заминувале на пауза за појадок.
-
Македонија 01.08.2016 14:55
-
Македонија 01.08.2016 14:51
Клима уредите- легло на бактерии кои предизвикуваат тешки белодробни заболувања
Без клима-уред не можеме да ги замислиме летните месеци, но многумина го игнорираат фактот што нередовното чистење на уредот го намалува квалитетот на воздухот во просторијата, а тоа пак создава идеални услови за размножување на низа бактерии опасни по здравјето на луѓето.
-
Македонија 01.08.2016 14:45
Метео: Утре претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд
Утре во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд грмежи и засилен ветер.
Локално е можна појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
-
Македонија 01.08.2016 13:10
Тече рокот за пријавување на спорните гласачи
Течат роковите за пријавување на луѓето со спорни записи до Државната изборна комисија. До денеска до 13:00 часот се евидентирале 756 од вкупно запишани 39.502 граѓани, за кои по извршените теренски и вкрстени проверки е констатирано дека не се совпаѓаат со податоците во избирачкиот список.
-
Македонија 01.08.2016 12:57
Девојче се удави во водите на Стара Бања
Трагедија во кумановско. Тринаесетгодишно девојче се удавило во базен во Стара Бања во кумановското село Проевце. Несреќата се случила вчера околу 15:30 часот, соопшти МВР.
Повеќе информации за овој настан, полицијата ќе соопшти во текот на денот.
-
Македонија 01.08.2016 12:06
Почина момчето повредено во сообраќајната несреќа во Кисела Вода
Утрово почина 22 годишното момче од Скопје, кое беше повредено во сообраќајната несреќа кај Рампа во скопска Кисела Вода, што се случи ноќта меѓу 26 и 27 јули. Момчето пет дена беше приклучено на апарати за дишење и се бореше за својот живот.
-
Македонија 01.08.2016 10:51
На „Ало докторе“ за една недела 1.436 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ во изминатата недела (од 25 јули до 31 јули) имало 1.436 повици.
Здравствен дом Скопје соопшти дека од 15 септември 2014 година кога започна да работи телефонската линија, досега, имало 105.773 повици.
-
Македонија 01.08.2016 10:47
Зголемен интензитетот на сообраќајот
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 01.08.2016 10:18
Четириесет и пет учесници на Школата за млади лидери на претседателот Иванов
На седмата Школа за млади лидери, што ќе се одржи од 14-ти до 26-ти август во Охрид, под покровителство на претседателот Иванов, ќе учествуваат 45 млади лидери и 21 предавач.
Предавачи се еминентни професори, бизнисмени, претставници на институции од земјава и од странство.
-
Македонија 01.08.2016 10:05
Посебен сообраќаен режим денеска и утре во Крушево
За безбедно и непречено празнување на Илинден, ќе има посебен сообраќаен режим денеска и утре во Крушево.










