Синоптичарите за овој викенд најавуваат претежно сончево време, со високо УВ зрачење. Утре кон крајот на денот ќе има услови за нестабилна облачност и краткотрајни дождови. В недела пак, ќе има позначително наоблачување со повеќе дожд, грмежи и ветер.
-
Македонија 05.08.2016 12:50
-
Македонија 05.08.2016 12:43
Претседателот Иванов ќе ја предводи македонската делегација во Рим на канонизацијата на Мајка Тереза
На 4-ти септември, македонска државно- црковна делегација патува за Рим на свечениот чин на прогласувањето на Мајка Тереза за светица. Ќе ја предводи претседателот, Ѓорге Иванов. Ги поканил и лидерите на четирите најголеми политички партии.
-
Македонија 05.08.2016 12:13
Тетовчанец заразен од маларија
Дваесет и четири годишен Тетовчанец со маларија е хоспитализиран во карантинската соба на инфективна клиника. Болеста ја донел од Мали каде што работел- информираат од Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 05.08.2016 12:07
Случај „Јагула“: Поднесено обвинение против две лица
Поднесено е обвинение против поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески. Тој е обвинет во случајот „Јагула“. Се товари за злоупотреба на службената положба и за примање поткуп. Во истиот случај е обвинет уште еден соработник на градоначалникот.
-
Македонија 05.08.2016 10:18
Реконструкција на пешачките патеки во паркот „Жена борец“
Град Скопје информира дека ќе се изврши реконструкција на пешачките патеки во паркот „Жена борец“, ќе се постави ново осветлување, ќе се обнови зеленилото и ќе биде поставена нова урбана опрема.
Градежните работи на терен ги извршува фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци.
-
Македонија 05.08.2016 09:54
Јолевски во САД: Неопходно е Македонија да стане полноправна членка на НАТО
Регионот има клучна стабилност за Европа и затоа е, како никогаш досега неопходно Македонија да стане полноправна членка на НАТО, порачал на средбата во Вашингтон со заменик помошникот на американскиот секретар за одбрана Мајкл Карпентер, македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски.
-
Македонија 04.08.2016 16:16
Жителите од импровизираните домови под Кале излегоа на протест пред седиштето на Град Скопје
Педесетина жители од ромското маало под Кале, чии импровизирани живеалишта беа урнати пред неколку дена, излегоа на протест пред канцелариите на градоначалникот на Скопје за да побараат решение за проблемот со нивното домување.
-
Македонија 04.08.2016 16:00
Уписи на факултет: Се очекува голем интерес за техничките струки
Универзитетите ги прават последните подготовки пред уписите. За две недели факултетите ги отвораат вратите за матурантите. На Електро годинава има 650 слободни места. Деканот Миле Станковски очекува интересот да биде голем.
-
Македонија 04.08.2016 15:06
МВР го истражува случајот со удавената жена во Калимаци
На телото на 31- годишната жена од Македонска Каменица, која синоќа се удави кај браната Калиманци, се пронајдени траги од насилство. Полицијата се уште трага по сопругот.
-
Македонија 04.08.2016 15:02
Во ДИК се пријавиле 1.560 граѓани со спорни записи
Кај приближно 21 илјада гласачи, меѓу кои и јавни личности е утврдено несовпаѓање по адресата на живеење.








