Денеска ќе падне одлука кои двајца од шестте кандидати ќе останат во финалната трка за ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. На седница решаваат Ректорската управа, деканите, директорите на институтите и претседателот на Студенскиот парламент.
-
Македонија 15.06.2016 13:25
-
Македонија 15.06.2016 13:11
Констатирана оставката на Ставрески
Во Собранието седница за избор на нов министер за финансии и заменик- министер за надворешни работи. Констатирана оставката на досегашниот вицепремиер и министер Зоран Ставрески.
-
Македонија 15.06.2016 11:54
Рокот за субвенции за млеко до денеска и од 25 до 30 јуни
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април е до денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни.
-
Македонија 15.06.2016 11:28
Во финална фаза реконструкцијата на паркинг просторот до „Тутунски комбинат“
Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ изминатиов период работеа на реконструкција на паркинг просторот на аголот на улицата 11 Октомври, до „Тутунски комбинат“, соопштуваат од Град Скопје.
-
Македонија 15.06.2016 10:47
Македонија главна точка на Советот на ЕУ на 20- ти јуни
Советот за надворешни работи на Европската Унија за 20-ти јуни ја закажа седницата, на којашто ќе се расправа и за состојбата во Република Македонија. Оваа точка е сега една од главните, а не како претхподно под ставката „разно“.
-
Македонија 15.06.2016 10:42
Двајца загинати во сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“
Две лица загинаа рано изутринава во сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.
Во несреќата загинале возачот на такси возило „мерцедес“, 35-годишниот В.А., како и 37-годишната патничка К.С.
-
Македонија 15.06.2016 10:08
Субвенции за заштитни мрежи во земјоделството
Додека во развиените земји се вообичаена практика, кај нас заштитните мрежи се новина за нашите земјоделски производители.
Основната функција им е заштитата од град, но и намалување од штетното УВ зрачење кое е се поизразено поради климатските промени.
-
Македонија 15.06.2016 09:49
Собранието ќе гласа за нов министер за финансии и заменик- министер за надворешни работи
Собранието ќе гласа за нов министер за финансии и заменик- министер за надворешни работи. На 106-тата седница треба да бидат констатирани оставките на Зоран Ставрески и смената на Драгана Кипријановска.
-
Македонија 14.06.2016 16:50
Претставници на политичките партии на одвоени средби со амбасадорите на ЕУ и САД
Претставници на четирите политички партии потписнички на договорот од Пржино на одвоени средби со амбасадорите на Европската унија и на САД, Орав и Бејли. Се разговарало како да се организира лидерска средба и да се најде излез од политичката криза.
-
Македонија 14.06.2016 16:22
Собрание: Продолжува расправата за импичмент на претседателот Иванов
Го прекрши ли Иванов уставот со аболицијата, дозволете да се изјасни Уставниот суд, повика опозицијата на вториот ден од собраниската расправа по предлогот за импичмент на шефот на државата.










