Матурантите го полагаат третиот предмет од државната матура - странски јазик. Проверката на знаењето го заокружуваат на 15-ти, со полагање еден изборен предмет.
Оваа учебна година за државната матура се пријавени 16 илјади 859 ученици.
Матурантите го полагаат третиот предмет од државната матура - странски јазик. Проверката на знаењето го заокружуваат на 15-ти, со полагање еден изборен предмет.
Оваа учебна година за државната матура се пријавени 16 илјади 859 ученици.
Во Собранието на дневен ред- предлогот за поведување постапка за одговорност на претседателот Иванов, зад кој стојат потписите на 52-ца пратеници од СДСМ и коалициските партнери, на ДУИ, на тројца независни пратеници и на Павле Трајанов и Љилјана Поповска.
На две парцели во Чешиново и во Кочани неделава ќе почне наводнувањето на оризот со системите капка по капка.
Новата мрежа на експерименталните полиња е поставена веднаш по сеидба на растенијата.
Реформска влада составена од експерти со висок професионален кредибилитет за решавање на политичката криза, предлага Коалицијата за промени и правда. 4-те партии од Коалицијата сметаат дека е потребно рекомпонирање на судскиот совет.
Нелегален транспорт на дрва, кражба, пустошење шума. Единица за економски и компјутерски криминал поднесе 26 кривични пријави против 27-мина. Фатени се во акцијата „Гора“.
„Катица Јанева изразила сомнеж дека ќе ја напуштам земјата и дека нема да се појавувам во судот- не знам дали некој верува во такво нешто, но, тоа не е вистина, туку само желба на нејзините нарачатели“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по распитот во Скопска единица за случајот „ТНТ“
Намалување на понудата на пазарот во екот на жетвата со складирање на 80.000 тони пченица и 80 проценти субвенионирање на трошоците.
Со натпреварот меѓу домаќинот Франција и репрезентацијата на Романија, вечер ќе почне 15-то Европско фудбалско првенство што ќе трае еден месец. Натпреварите од ЕВРО 2016 ќе се играат на десет стадиони и тоа во Париз, Бордо, Ленс, Лил, Лион, Марсеј, Ница, Сент Дени, Сент Етијен и во Тулуз.
Сакале да приведат осуден криминалец на издржување затворска казна, но биле нападнати од неговиот татко и другарите. Четворица полицајци го извлекоа подебелиот крај во тепачката која се случи на улица во Тетово.
5-те предлози од Специјалното јавно обвинителство се распоредени кај судии на претходна постапка и денеска ќе се постапува по нив, а лицата ќе бидат повикани во судот, информираат од Кривичниот суд.