За инвестирање во наводнувањето, земјоделците можат и годинава да побараат субвенции од државата.
За системите капка по капка за пченката и за фуражните култури се одобрува износ до 1,8 милиони, а за бунарите 364.000 денари.
За инвестирање во наводнувањето, земјоделците можат и годинава да побараат субвенции од државата.
За системите капка по капка за пченката и за фуражните култури се одобрува износ до 1,8 милиони, а за бунарите 364.000 денари.
Во текот на утрешниот ден во земјава ќе настапи преодно стабилизирање на времето во однос на денешното.
Се очекува променливо облачно и тивко време со подолги сончеви периоди.
По 35 години конечно пристигна нов воз на Битолската Железничка станица.Тоа е првиот набавен модерен кинески дизел воз што денеска патуваше од Скопје до Битола.
Рехабилитицијата на регионалниот пат Делчево- Голак се очекува да заврши до крајот на годинава, најави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлоски. Распишан е и тендерот за делницата Кочани- Делчево.
Биохемиски анализатор, дермоскоп за детекција на дерматитис, ултразвучен дензитометар за следење на густината на коските кај остеопороза. Ова се новите апарати кои се очекува да ги подобрат услугите кои се даваат на пациентите од Здравствениот дом „Железничар“.
Кристијан Лозановски и неговите колеги од електро три недели се подготвуваат за „Робомак“. За натпреварот изработиле топка управувана од мобилен телефон- иновација со која се надеваат дека ќе го освојат првото место.
Членството во НАТО- алијансата е приоритет за Република Македонија за што сме и целосно подготвени, рече министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на денешната средба во Министерството со генерал- мајор Иан Каве, заменик командант за планирање во Здружената команда на сојузнич
Претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов, во колумна објавена во британскиот весник „Телеграф“, вели дека Македонија е соочена со директен удар од мигрантската криза, која предизвикува низа безбедносни, социјални и општествени предизвици за целиот европски континент.
Одложена е најавената посета на пратеникот во германскиот Бундестаг и член во Комисијата за Европа, Мануел Зарацин, на Македонија. Причина според Амбасадата на Германија биле неповолните временски услови на аеродромот „Александар Велики“.