Неопходно е многу повеќе да се познаваме и почитуваме меѓусебе. Сѐ што се случува на Блискиот Исток е директно поврзано со се што се случува и на Кавказ и на Балканот- рече претседателот Иванов во обраќањето на пленарната сесија на Глобалниот форум во Баку.
-
Македонија 10.03.2016 13:27
-
Македонија 10.03.2016 13:18
Пристапување кон ЕУ од родова перспектива
Потребни се 40 години домашните обврски рамноправно да се поделат помеѓу мажите и жените, а 70 години да биде еднаква платата за иста работа. Според надлежните, овие проекции се предизвик за дефинирање на новите идеи за надминување на разликите.
-
Македонија 10.03.2016 13:15
ЕП ја усвои Резолуцијата за Македонија
Со 404 гласови „за“, 76 „против“ и 29 „воздржани“ од присутните 509 европратеници, Европскиот парламент попладнево ја усвои со широко мнозинство Резолуцијата за Македонија предложена од европратеникот Иво Вајгл, јави дописникот од Стразбур за МРТ.
-
Македонија 10.03.2016 13:06
Повеќе од 72 часа нема влез на мигранти
Затворањето на балканската рута го запре патот на бегалците кон Европа. Во транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија повеќе од 72 часа нема влез за нови мигранти.
-
Македонија 10.03.2016 12:48
Димитриев на средба со членовите на ДИК
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска ќе одржи средба со членовите на Државната изборна комисија.
Средбата ќе се одржи во просториите на Владата на Република Македонија во 14:00 часот.
-
Македонија 10.03.2016 12:39
Ванхауте: Моментно нема можност да продолжат средбите за медиумите
Моментно не е возможно да продолжат средбите за медиумите во форматот во кој досега се одвиваа преговорите, каде се обидувавме да постигнеме консензус по различните предлог- амандмани, соопшти белгискиот посредник, Питер Ванхауте, во пишана изјава до медиумите.
-
Македонија 10.03.2016 11:41
Се уредува велосипедската патека на булеварот „Илинден“
Екипи на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ поставуваат столпчиња по должината на велосипедската патека на булеварот „Илинден“, ги преместуваат автобуските станици и другите физички препреки и ги спуштаат рабниците при влезот во крстосниците за да се овозможи непречено движење на велосипедисти
-
Македонија 10.03.2016 11:25
Не се издадени нови потврди за азил
Во изминативе 24 часа не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопштуваат од МВР.
-
Македонија 10.03.2016 10:45
Ново рочиште за „Дива населба“
Судскиот процес за мајските настани во кумановската „Дива населба“ продолжува денеска со сослушување нови сведоци. Петмина кумановци ќе треба да сведочат денешното судско рочиште. Овие сведоци се на барање на Јавното обвинителство.
-
Македонија 10.03.2016 10:38
ЕП: Важно е Македонија да спроведе демократски избори
Во најголемиот број од говорите по резолуцијата на Иво Вајгл, изработена според извештајот на Комисијата за Македонија во 2015 година, се дојде до истата констатација - Македонија мора да излезе од политичката криза, со почитување на договореното од страна на политичките партии со помош на европс










