До 10-ти март пчеларите ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на набавка на пчелни матици и опрема.
Висината на финансиската поддршка изнесува најмногу 800 илјади за опрема и 600 илјади денари за матици.
До 10-ти март пчеларите ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на набавка на пчелни матици и опрема.
Висината на финансиската поддршка изнесува најмногу 800 илјади за опрема и 600 илјади денари за матици.
Од 13:00 до 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути денеска повремено ќе има прекини на сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, кај месноста Врбјани.
Прекинот на сообраќајот е поради изведување на градежни работи (минирање).
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Брисел ќе учествува на работната вечера што ја организира претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск на која ќе се расправа за мигрантската криза.
До Фондот за здравство сѐ уште не е доставено барањето за операција во странство на 11- годишната Ханета, која има искривување на пршлените. На Клиниката за ортопедија девојчето било на преглед во закажаниот термин.
Најверојатна причина за пожарот што избувна претпладне на фасадата на зградата на ЕВН Македонија, според генералниот директор Штефан Петер, бил огнот од апарати за заварување.
За датумот на одржување на предвремените парламентарни избори, еврокомесарот Јоханес Хан засега е без конкретен одговор.
Сончевото и топло време продолжува и утре со мала до умерена облачност и умерен јужен ветер .Дневната температура ќе достигне до 22 степена.
Во четврток се очекуваат повремени врнежи од дожд особено во западните делови.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Првиот човек на Кривичен, Панчевски, уверува дека судиите од овој суд постапуваат сосема независно. Според него, за формирање специјален суд, според Уставот и законите, нема простор, но, ако биде донесена политичка одлука- тој би бил по примерот на Специјалното јавно обвинителство.
Попладнево продолжуваат разговорите за реформирање на медиумската сфера меѓу претставниците на четирите политички партии, заедно со белгискиот посредник Питер Ванхауте.
Три нови електронски услуги промовираше Фондот за здравствено осигурување. Ќе можат да се доставуваат барања за добивање решенија за ослободување од партиципација, за поврат на средства и за издавање двојазичен образец.