Судскиот совет избра претседатели во 14 Основни судови низ Македонија и 22 судии поротници во Основниот суд Скопје 1. Изборот, вели претседателот Бранко Ушковски, бил на транспарентен начин согласно утврдени критериуми.
-
Македонија 29.04.2015 14:49
-
Македонија 29.04.2015 14:34
Метео
Променливото облачно време продолжува и во текот на утрешниот ден, со услови за на места појава на повремени краткотрајни врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет особено во попладневните часови.
Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
-
Македонија 29.04.2015 14:13
Караванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Прилеп
Утре во Прилеп во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“, Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќи.
-
Македонија 29.04.2015 13:49
Домување: Проблеми со сметките и немањето податоци
Главен предизивик во управувањето со станбените згради остануваат проблемите со наплата на сметките, одржувањето на лифтовите и барањата заеднички потрошената струја да се тарифира на секој стан поединечно.
-
Македонија 29.04.2015 13:20
Белград: Регионална соработка против тероризмот
Целта на конференцијата на која што покрај министерката Гордана Јанкуловска учествуваа и министрите и преставници на полициите од регионот- е јакнење на регионалната соработка во борбата против глобалниот тероризам.
-
Македонија 29.04.2015 13:07
Скопскиот муфтија демантира дека бил физички нападнат од поглаварот на ИВЗ
Скопскиот муфтија Ибраим Шабани демантира дека бил физички нападнат од поглаварот на Исламската верска заедница.
-
Македонија 29.04.2015 12:50
Со отворени податоци до нови апликации
Програмерите може да користат отворените податоци на институциите за да креираат апликации. На располагање им се дигиталните информации од 27 институции. Досега, најискористена база на податоци, велат од ресорното министерство, е адресарот на детски градинки.
-
Македонија 29.04.2015 12:41
Уапсен осомничениот за убиство во Љуботен
Завчера (27.04.), околу 23,00 часот по предходно првземени интензивни мерки од страна на припадници на единицата „Алфа“ во с. Љуботен беше пронајден и лишен од слобода Т.Б. (21) кој се сомничи дека на 16 овој месец пред џамијата во село Љуботен пукал кон Џеваир М. -
Македонија 29.04.2015 12:29
Тодоров во работна посета на Софија, ќе се унапредува соработката во областа на неонатологијата
Обука на македонски доктори во Бугарија е целта на посетата на Софија на министерот за здравство, Никола Тодоров. Фокусот на разговорите ќе биде унапредувањето на соработката во областа на неонатологијата.
-
Македонија 29.04.2015 12:01
Град Скопје: За 1 Мај да не се пали оган на отворен простор
Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, апелираат за првомајските празници да не се пали оган на отворен простор и да не се фрла отпад во излетничките места како што се Парк –шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка, ...










