Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h.
-
Македонија 22.09.2026 08:11
-
Македонија 21.09.2026 20:26
Судењето против 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ почна од почеток
Со сослушување на тројца сведоци и во присуство на родители на загинатите деца во пожарот во „Пулс“, продолжи судењето против 13-темина полицајци и нивни надредени.
Судскиот процес почна од почеток. Полицајците рекоа дека не се чувствуваат виновни.
-
Македонија 21.09.2026 19:14
Казна 5.000 евра за поранешниот градоначалник на Струга
Поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко осуден на парична казна од 5.000 евра за поставувањето на спорната спомен-плоча на зградата на Општина Струга. Судот утврди одговорност, оценувајќи дека плочата поттикнува или разгорува верска и етничка омраза.
-
Македонија 21.09.2026 18:37
Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво
Живееме во регион каде многу пати низ историјата се покажа дека судирите, освен болка и загуба, не носат ништо добро. Тие оставаат празнини во семејствата, рани во заедниците и сенки врз иднината. Тие искуства нè учат дека мирот има највисока вредност, но и дека е избор.
-
Македонија 21.09.2026 17:35
На 27-ми овој месец министерска конференција во Виена „Славков 3, Западен Балкан“
Ден пред Европската комисија да ја претстави стратегијата за проширување, Австрија заедно со Словачка и Чешка во Виена ќе ги повика министрите од земјите кандидатки од Западниот Балкан за да ги разгледаат различните документи за проширување.
-
Македонија 21.09.2026 17:21
Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио во Њујорк, потврда на важноста на стратешкото партнерство со САД
Премиерот Мицкоски во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио, оценувајќи дека ова е потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави.
-
Македонија 21.09.2026 17:15
Западнонилската треска ја зеде деветтата жртва
По речиси еден месец борба со вирусот, викендов на Инфективната клиника почина уште еден пациент од западнонилска треска. Станува збор за 66-годишен жител од Куманово, кој според лекарите имал и други заболувања. Ова е деветти смртен случај годинава, сите починати досега се мажи.
-
Македонија 21.09.2026 17:03
Гаши: Идната недела внатрепартиски консултации
Партиите во нов обид да најдат решение за измените на Изборниот законик. Идната недела почнуваат внатрепартиските консултации, најави по координацијата во парламентот спикерот Гаши.
-
Македонија 21.09.2026 16:26
Шасивари – Миљаниќ: Продлабочување на соработката со Црна Гора во реформите и европската интеграција
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Македонија, Зоран Миљаниќ, на која беа разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на правосудството, владеењето на правото и европската интеграција.
-
Македонија 21.09.2026 13:19
Тошковски ја отвори заедничката обука на САЕ „Тигар“ и француската единица РАИД
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, во објектот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, официјално ја отвори четиридневната заедничка обука за техники на пробивање, која се реализира во соработка со специјалната единица РАИД на француската национална полиција.










