Единаесет лица се здобија со телесни повреди од кои едно со тешки, во денеска случената сообраќајна незгода на регионалниот пат Дебар-Струга во близина на селото Велешта.
-
Македонија 08.10.2014 16:53
Во тешка сообраќајка кај Велешта повредени 11 лица
-
Македонија 08.10.2014 16:23
ДНК примерок од родителите на Дениса испратен на Родос
Земениот ДНК материјал од родителите на Дениса, МВР доцна синоќа преку Интерпол Македонија го испратила до Интерпол Грција.
-
Македонија 08.10.2014 16:19
Поголема достапност на лекови: 66 рурални средини ќе добијат аптеки
Над 130 илјади жители ќе имаат пролесен пристап до лекови. За 60 дена, во 66 рурални средини ќе се отворат аптеки. На овој начин ќе се намалат трошоците кои ги жителите ги имаа патувајќи во друг град за да купат лек.
-
Македонија 08.10.2014 16:06
Кршачите на наплатни рампи ќе останат без возило
Трајно одземање на возилото и казна од 500 евра за неплаќачите – кршачи на наплатните рампи. Ригорозни казни за да се спречи уништувањето на патарините, да се зголемат приходите од патна такса. Законски корекции за поквалитетен превоз на патници.
-
Македонија 08.10.2014 14:51
Иванов- Куртулмуш: Интензивирање на соработката во сите области од взаемен интерес
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во Стар Дојран оствари средба со Нуман Куртулмуш, заменик претседател на Владата на Република Турција.
-
Македонија 08.10.2014 14:15
Премиерот Груевски оствари средба со американските конресмени Тарнер, Санчез и Кук
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска се сретна со членовите на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Мајк Тарнер, Лорета Санчез и Пол Кук.
-
Македонија 08.10.2014 14:05
Одложено денешното рочиште за случајот „Ровер“
Судијата одлучи така поради здравствената состојба на шестообвинетиот обвинетиот, Ивица Ристиќ, и на претходно барање на неговите адвокати поради влошеното здравје.
-
Македонија 08.10.2014 13:04
Европската комисија со шеста препорака за преговори со Македонија
Европската комисија денеска шеста година по ред препорачува Македонија да ги отпочне преговорите за членство со Европската унија. Но, во нацрт- извештајот стои дека жали за чекорите наназад направени во текот на изминатата година.
-
Македонија 08.10.2014 12:11
Јолевски: Членството на Македонија во ЕУ и НАТО ќе значи постабилен регион
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски со воведното обраќање ја отвори конференција „Западен Балкан – иднината на интеграцијата“ што се одржува во Рим.
-
Македонија 08.10.2014 12:04
Почна изградбата на новата водоводна мрежа на улица Скупи во општина Карпош
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и в.д директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Бојан Василевски, го означија почетокот на градежните работи на новата водоводна мрежа по дел од улицата Скупи, во населеното место Злокуќани, општина Карпош.










