Нема документи кои укажуваат на следење и прислушување на тогашниот лидер на опозицијата, тврди поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, во интервју за „360 степени“.
-
Македонија 07.09.2025 17:09
-
Македонија 07.09.2025 16:50
Пожарот во Виница под контрола, повредените се во стабилна здравствена состојба
25 лица побарале лекарска помош во Кочанската болница после пожарот во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница.
-
Македонија 07.09.2025 16:26
Како да се заштитат шумите од потпалувачите?
Македонија трпи ненадоместливи штети од шумските пожари. Само лани изгореле преку 95 000 хектари што е колку за 10 години претходно. Опасноста не е одмината, па до 30 септември е продолжена забраната за движење низ шумите. Како да се заштитиме, ако речиси сите се подметнувани?
-
Македонија 07.09.2025 15:20
Службата за итна помош во Струмица се соочува со недостиг на возила и кадар
Службата за итна медицинска помош Струмица отвори дежурна служба во Ново Село со цел жителите од оваа погранична општина не патуваат по 40-тина километри во еден правец за итни случаи. Дежурната ќе работи од 19 до седум часот наутро а наскоро кадровски ќе се доекипира.
-
Македонија 07.09.2025 14:24
Ѓурчевски: АНБ да не ги декласифицира документите
Не смее да се дозволи декласификација на документите, ако сакаме судска постапка во која на законит начин ќе се утврди дали некој незаконски следел и прислушувал, смета поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски.
-
Македонија 07.09.2025 13:47
16 повредени во пожарот во фабриката во Виница
Пожарот кој вчера ги вознемири жителите во Виница е ставен под контрола. Но во гаснењето има16 повредени, меѓу нив тројца пожарникари, кои се здобиле со изгореници на стапалата.
За нивната состојба, но и за причините за огнената стихија во погоните, известува Славица Величковска.
-
Македонија 07.09.2025 10:15
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста - 8 Септември
Единицата на артилерискиот баталјон на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје ќе изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на 1 плотун од 6 артилериски орудија во 18 часот и почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија во 19 часот.
-
Македонија 07.09.2025 09:19
Сончево и топло со температура до 34 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
-
Македонија 07.09.2025 08:59
Пожарот во фабриката „Макпрогрес“ ставен под контрола, повредени неколкумина пожарникари
Неколкумина пожарникари се повредени при гаснењето на големиот пожар што ја зафати фабриката „Макпрогрес“ во Виница. Тие откако се заглавиле во растопен шеќер, при обидот да се извлечат стапнале во смесата без обувките. Пожарот е целосно ставен под контрола.
-
Македонија 06.09.2025 19:46
Пожар избувна во „Макпрогрес“ во Виница
Пожар избувна попладнево во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. На терен се екипи од Противпожарната бригада од Виница, но на помош се испратени пожарникари и од Кочани.










