• Македонија 25.12.2013 13:59

    Претседателот Иванов помилува 53 осуденици

    Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод Новата 2014 година, дал помилување на  53 осудени лица, од кои 11 потполно, а  42 делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор, информираат од претседателскиот кабинет.

  • Македонија 25.12.2013 13:44

    Анкета со граѓаните од католичка вероисповед

    Католиците во Македонија го слават Божик според Грегоријанскиот календар. Катедралата „Пресвето срце Исусово“ од изутрината постојано ја посетуваат верниците. МТВ анкетираше дел од нив за важноста на големиот празник.

  • Македонија 25.12.2013 13:39

    Грчка европратеничка за Македонија

    Грчката европратеничка Марија Елени Копа не верува дека повторното недобивање датум за преговори за членство ќе предизвика „свртување на Македонија од Европската унија“ , зашто земјата е тесно поврзана со Унијата.

  • Македонија 25.12.2013 13:37

    Нови заплени на петaрди

    Полицијата продолжува  да лови препродавачи на петарди низ градовите во  земјава. Најголем број се запленуваат во главниот град. Само вчера се пронајдени над 25 илјади петарди во Скопје, додека во две контроли на Градскиот пазар во Струга  се запленети 4.212 пиротехнички средства.

  • Македонија 25.12.2013 12:49

    Европски стандарди за квалитетен персонал

    Министерството за информатичко општество прво во земјава се стекна со КАФ стандардот,  рамка за заедничко управување за јакнење на човечките ресурси. Ваков стандард имаат само 59 институции во Европа.

  • Македонија 24.12.2013 22:50

    Кривична за лекари поради поткуп

    Кривична пријава заработија  45-годишен професор-доктор  и 29- годишна специјализантка на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје. Се товарат за примање поткуп. Вчера попладнето беа  приведени во полициската станица Карпош.

  • Македонија 24.12.2013 22:15

    Загадувањето и мерките

    Во главниот град продолжува  неколкукратното зголемување на опасните честички прав. Ја поминаа границата од 500 микрограми на кубен метар . Тешко се дише, како се справуваат граѓаните.

    Освен обврските на институциите да ги спроведуваат мерките, прорабоите и свеста кај граѓаните.

  • Македонија 24.12.2013 22:05

    Рекордна 35-то пресадување на бубрег

    35-та рекордна трансплантација на бубрег од жив дарител годинава е извршена на 40 годишен пациент од скопско. Четири месеци одел на дијализа. Сега ќе живее со бубрегот на неговата сопруга. Тој е во добра здравствена состојба и деновиве ќе ја напушти Клиниката.

  • Македонија 24.12.2013 22:00

    Чија е одговорноста за 24-ти декември

    Чија  е  одговорноста  е   24  декември. ­ И по  една  година  од инцидентите меѓусебните  обвинувања  продолжуваат.

  • Македонија 24.12.2013 22:00

    Доживотни казни во детонатор

    Доживотна робија за Сашко Стојчов и Симеон Михајлов кои побегнаа откако полицијата им ги уапси другарите.

Pages