Со уште петмина обвинети незаконски продавале градежно земјиште. На двегодишна робија се осудени и адвокатот Владимир Пешликовски и претставникот на „Меркатор“ Митја Валиќ којшто е во бегство.
-
Македонија 16.12.2013 15:32
-
Македонија 16.12.2013 15:29
Од 19 декември се намалуваат цените на лековите на позитивната листа
За пациентите ќе бидат достапни 21 генерички лек без доплата. Наменети се за 15-ина заболувања и состојби, како на пример за дигестивни нарушувања, кардиоваскуларни заболувања, за тироида, антиревматски заболувања, аналгетици, антибиотици, антиинфективи за гинекологија и др. -
Македонија 16.12.2013 14:21
Петмина повредени во престрелка
Во угостителскиот објект „Ловец“ во Жеровјане се повредени пет лица. Инцидентот се случил рано изутрината околу 5 часот. Три непознати лица, најпрвин физички почнале да се пресметуваат со гости во локалот, а потоа пукале со огнено оружје.
-
Македонија 16.12.2013 14:01
Ќе се модернизираат патарините
Ќе се модернизираат патарините. Веќе е познато идејното решение на патарините. За изведбата ќе се бараат меѓународни фирми.
-
Македонија 16.12.2013 13:37
Солунската агенда не заживеа
2014-та според Солунската Агенда требаше да биде година во која сите земји од Западниот Балкан ќе бидат интегрирани во Европската Унија. Но тоа не се случи. Македонија се уште е блокирана од Грција за започнување на преговори.
-
Македонија 16.12.2013 13:33
Дипломатските активности на Груевски и натаму ги вознемируваат Грците
Активностите на македонскиот премиер Никола Груевски и натаму го загрижуваат јужниот сосед.
-
Македонија 16.12.2013 13:31
Грција да направи компромис со ЕУ за Македонија
Вистински потег би бил Грција, како претседавач со ЕУ, да направи компромис околу Македонија, со што би дала позитивен сигнал за проширувањето, смета европратеничката Тања Фајон. Таа додава дека сепак се зависи од политичките лидери.
-
Македонија 16.12.2013 13:30
Автомобилите и семејствата се загадувачите
Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми тврди дека загадувањето на воздухот се должи на сообраќајот и индивидуалното затоплување на семејствата со дрво за огрев.
-
Македонија 16.12.2013 13:26
Либерализацијата на пазарот со струја продолжува на 1 април 2014
Сите институции , енергетски компании и фирми се подготвени од 1 април наредната година да почне следната фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Слободно ќе купуваат струја 222 правни лица.
-
Македонија 16.12.2013 13:24
Богоевски доби две години
Обвинетите во случајот „Aгент“ ја слушнаа пресудата. Две години затвор заработи Слободан Богоевски поради малверзации при продажба на земјиште кај спортскиот центар „Борис Трајковски“.Другите обвинети добија затворски казни од по две, односно три години.







