Во вчерашната акција Орион се уапсени 5 лица на кои денеска им е одреден 30-дневен притвор. Полицијата има докази дека во криминалната група која фалсификувала лични документи се инволиврани уште 6-мина по кои трага.
-
Македонија 22.11.2013 16:46
-
Македонија 22.11.2013 16:43
Шиповиќ екстрадиран во Македонија
Мирослав Шиповиќ, претседавачот со скопски Центар, осомничен во случајот ,,Машинопромет,, е екстрадиран во Македонија.
-
Македонија 22.11.2013 15:53
Костенијада
Посебно богат род дава во регионот на Поречието, каде што се наоѓа единствената фабрика за негова преработка и извоз. На годинашната манифестација Костенијада , ресорниот министер најави активности за привлекување странски инвеститори за отворање фабрики за нивна преработка.
-
Македонија 22.11.2013 15:48
ДИК во полн состав
ДИК повторно во полн состав . Од понеделник новиот Претседател, ќе го испие кафето со членовите од комисијата и најавува дека ќе го даде максимумот за подобро функционирање на Комисијата и за расчистувањето на контраверзиите поврзани со Избирачкиот список
-
Македонија 22.11.2013 15:23
Домашната градежна машинерија во погон
Во погон се става градежната машинерија за изградба и рехабилитација на патишта.. Во следните пет години , ќе се градат 300 километри магистрални и 200 километри локални патишта.
-
Македонија 22.11.2013 14:33
Ден на дрвото во Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле
Под мотото „Засади здравје! Засади здрава иднина!“ денеска со засадување садници пред Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле, започна акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.
-
Македонија 22.11.2013 14:28
Метео
По сончевиот петок следува облачна сабота... Ќе има ли дожд?
Гледајте Метео на МТВ со метеорологот Глигор Митковски -
Македонија 22.11.2013 14:04
Ќе се вработат 300 лица со специјални потреби
Министерот за труд и социјала, Диме Спасов ги повика лицата со инвалидитет во наредните 10 дена да ја искористат можноста и да аплицираат за вработување. 300 инвалиди кои ќе бидат примени ќе бидат распределени согласно нивната инвалидност.
-
Македонија 22.11.2013 12:59
Станови и вработување за децата без родители
Вселувањето во новите 40 станови, на децата без родители кои до 18 години, биле социјално згрижени и живееле во државна институција како што најави Владата ќе им биде овозможено од пролетта 2014 година, изјави денеска Премиерот Никола Груевски на отворањето на спортската сала во Лисиче.
-
Македонија 22.11.2013 12:51
Македонски шуми ке формира специјален тим за интервенција
Македонски шуми ке формира специјален тим за брза интервенција составен од 50 лица ,за интервентно справување со пожарите . Во тек е тендерот за ХТЗ опрема за лична заштита на пожарникарите. Бројот на шумски пожари годинава значително намален .




