На 09/10.08.2025 година во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот како и во насока на одржување на
-
Македонија 10.08.2025 17:49
-
Македонија 10.08.2025 17:08
На локалните избори ќе може да учествуваат и независни кандидати за градоначалници и листи за советници
Недовербата кон политичарите и правните дупки ги натераа независните да играат на сигурно. Иако ДИК објасни дека нема потреба од потписи за да влезат во изборната трка, од Зелен хуман град сепак остануваат на ставот да формираат партија во страв да не извисат.
-
Македонија 10.08.2025 16:14
Внатрешна контрола при МВР констатираше непрофесионално однесување на началникот што го вршеше претресот во Демир Хисар
МВР го разреши од функцијата началникот Роберт Мартиновски што го вршеше претресот во домот на директорката на училиштето во Демир Хисар и бараше таа да биде однесена на информативен разговор во полиција, иако била на боледување, а таква наредба од Обвинителството воопшто немало.
-
Македонија 10.08.2025 15:30
Вооружена престрелка во Тетово, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите
Денеска (10.08.2025) во СВР Тетово било пријавено дека во 12.30 часот на крстосница од улица „Илинденска“ со улица „Благоја Тоска“ во Тетово се случила вооружена пресметка помеѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна незгода по што двете возила го напуштиле местото, од кои едното с
-
Македонија 10.08.2025 15:02
Интернет измамите зачестија, МВР бара внимателност
Врие од интернет измами во Македонија. Преку лажни СМС за пристигнати пратки од пошта, како и лажни фактури за уплата се мамат граѓаните да остават лични податоци кои потоа ќе бидат злоупотребени.
-
Македонија 10.08.2025 14:30
24 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила
Болката и по 24 години не поминува, вели Благица Златевска, мајка на загинатиот бранител Ивица Златевски, кој беше најмлад меѓу жртвите на тој кобен 10-ти август, 2001-ва година. Со солзи во очите раскажа како утрото го чекала синот да си дојде дома.
-
Македонија 10.08.2025 13:43
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори
Државната изборна комисија не може никому да му го ускрати уставно загарантирано право да учествува на избори. Да бира и да биде избран. ДИК ги расчисти дилемите. Независните ќе можат да учествуваат на локалните.
За нивните реакции во Дневникот известува Анита Димитријевска-Велковска.
-
Македонија 10.08.2025 13:09
Намален бројот на крводарувања во Куманово
Намален број крводарувања, периодов бележи центарот за трансфузиологија во Куманово. Од установата смируваат, простор за паника нема. Вообичаено во летниот период се намалуваат резервите крвни единици, поради летните одмори, сезонската работа, затворените училишта.
-
Македонија 10.08.2025 11:43
Охрид очекува успешна постсезона
Намалениот број на странски туристи во текот на шпицот на сезоната се должи на откажувањето на неколку тур-оператори.
-
Македонија 10.08.2025 10:39
Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведено едно лице
На 09.08.2025 во 22:40 часот во с.Долна Бањица, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Б.(43) од с.Долна Бањица.










