Според податоците објавени на веб страницата на ДИК во општина Центар кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски води со 8.973 или 52,53% гласа наспрема кандидатот на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.
Лабудовиќ има 6.597 гласа од пребројаните избирачки места.
Според податоците објавени на веб страницата на ДИК во општина Центар кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски води со 8.973 или 52,53% гласа наспрема кандидатот на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.
Лабудовиќ има 6.597 гласа од пребројаните избирачки места.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓиевски со водство во Скопје пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ.
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и дав
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат во вториот круг од осмите по ред локални избори. Се гласаше во вкупно 32 општини и во Градот Скопје. Од ДИК потврдија дека избирачкиот ден помина непречено и без поголеми нерегуларности.
Вториот круг од локалните избори, за градоначалник во Тиквешијата минува мирно, без реакции за нарушување на изборниот процес. Граѓаните на Неготино, Демир Капија и Росоман со излезност приближна како во првиот круг. Во Росоман до 15 ч. Излезноста беше 48% а пред две седмици 46%.
Финале на Локалните избори. Втор и последен круг. Граѓаните одлучуваат кој ќе ја довербата да го води Градот Скопје и останатите 32 општини. Директни вклучувања и овој па во Државната изборна комисија и партиските штабови. Графички приказ на резултатите.
Голема раздвиженост во вториот изборен круг во Кичево. Излезеноста засега е над 40 проценти, според последните податоци на ДИК. Гласањето засега тече без проблеми, а кичевци имаат големи очекувања од идниот градоначалник.
Борис Грујоски известува од Кичево
Во вториот круг од изборите до 15 часот, најголема излезност има во Крушево. За два проценти повеќе граѓани излегле од првиот круг. Елизабета Митреска се јавува од највисокиот град на Балканот.
Вториот круг од гласањето на локалните избори во Македонија се одвива без проблеми, во мирна атмосфера. Се гласа во вкупно 32 општини и во Градот Скопје.
Екипите на Македонската телевизија се распоредени низ различни избирачки места каде се гласа во вториот круг од локалните избори.
Миле А. Ристески се јавува од Тетово, каде граѓаните избираат градоначалник на општината.