Проблемот со паркинг места ќе биде решен со катни гаражи во Општина Карпош, ветува кандидатот за градоначалник Стевчо Јакимовски од коалицијата „Искуство за успех“. Ако е неопходно за оваа намена, општината или ќе ги зголеми своите приходи, или ќе земе кредит, вели Јакимовски.
-
Македонија 27.10.2025 17:43
-
Македонија 27.10.2025 17:37
Крај за дивите депонии и пунктови за смет во Тетово - ветува кандидатот на НАИ, Реџепи
Тетово заслужува да е чист град, имам стратегија за тоа, вели кандидатот за градоначалник од редовите на НАИ, Бајрам Реџепи.
Крај за сите диви депонии и пунктови за смет им ветува на тетовчани. Градот ќе се чисти секојдневно, а не еднаш во месецот како досега, ветува Реџепи.
-
Македонија 27.10.2025 17:26
Активности на кандидатот Мециновиќ од „Левица“
Изборот во Скопје е избор на демократија, не на функција, а вториот круг не е натпревар меѓу двајца кандидати, туку избор меѓу старото и новото, меѓу статус – квото и визијата за едно поубаво место за живеење, смета кандидатот за градоначалник на метрополата од „Левица“, Амар Мециновиќ.
-
Македонија 27.10.2025 17:19
Кандидатите за градоначалници на СДСМ продолжуваат со кампањата
Целосна реорганизација и зајакнување на општинските и инспекциските служби, како и воведување комунална полиција со широки овластувања – најави кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски.
-
Македонија 27.10.2025 17:04
Приведен директорот на „Комунална хигиена“ и уште едно лице, од претпријатието одземена документација
МВР уапси две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во Скопје.
-
Македонија 27.10.2025 16:44
Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ги прими проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Атанас Конески, претставник на Културен и едукативен центар „Небрегово“, именуван по родното место на Конески.
-
Македонија 27.10.2025 14:53
Лишено од слобода лице од Скопје, признал две разбојништва во филијали за брзи кредити
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.
-
Македонија 27.10.2025 14:21
Приведен директорот на „Комунална хигиена“
Единицата за економски криминал при СВР Скопје го приведе директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, и одзеде дополнителна документација од претпријатието.
-
Македонија 27.10.2025 13:25
Имплементиран нов систем за следење на квалитетот на високото образованието
Во Скопје се одржа првиот годишен форум за квалитетот на високото образование. Треба да се имплементира нов систем што ќе го следи исполнувањето на стандардите.
Викторија Милевска го следеше форумот.
-
Македонија 27.10.2025 13:20
Купиштата смет, закана по здравјето на граѓаните
Хаосот со сметот во Скопје го загрозува здравјето на граѓаните и ги изложува на заразни заболувања, предупредуваат од Институтот за јавно здравје. ИЈЗ излезе со препораки. Колку тие се почитуваат?
Андријана Ѓурческа известува.









