-
Македонија 09.07.2025 13:38
Интегрирано гранично управување со Србија
Пет дена по ставањето во функцијата на системот за интегрирана гранична контрола со Србија, се одлучивме да провериме дали и како функционира, и колку е намален метежот што вообичаено го има во овој период од годината.Елена Георгиевска известува. -
Македонија 09.07.2025 13:26
Интерпелација и пратенички прашања од опозицијата
Во Собранието пред пратениците, поднесената интерпелација за работата на претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски. Има дилема дали да се тера постапката зашто станува збор за судска власт, којашто треба да биде независна од законодавната и извршната.
-
Македонија 09.07.2025 13:24
Пожарот кај Николич се гасне и од воздух
Македонија се бори со огнените стихии. Веќе неколку дена е активен пожарот кај Николич во Дојран, каде е зафатена нискостеблеста шума. Се гасне и од копно и од воздух.Ване Трајков известува. -
Македонија 09.07.2025 13:21
Пожар во Визбегово, градот покриен со црн чад
Не е само пожарот во Дојран, гори на десеттина локации во Македонија, во Македонски Брод, Чашка, Бутел. Пожарот кај Чучер Сандево изгаснат, повторно пламени јазици во Визбегово. Таму има опасност и по куќите, се разгледуваше опција и за евакуација на население.
-
Македонија 09.07.2025 12:52
Пожар во отпад за старо железо во Скопје, до сега едно лице повредено, приведен е сопственикот
Денеска во 09.16 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите.
-
Македонија 09.07.2025 12:33
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница
Сеќавањето на Сребреница е аларм кој потсетува дека 11-ти јули 1995 е срам и пораз на Европа и светот испишан од 8.372 невини цивилни жртви. Геноцид врз муслиманите, не масакр.
-
Македонија 09.07.2025 12:12
Трамп ја заострува реториката кон Путин, размислува и за санкции
Откако досегашните напори за ставање крај на војната во Украина не вродија со плод, американскиот претседател Трамп најави дополнителна испорака на одбранбено оружје за поддршка на украинските сили, драматично менувајќи ја претходната одлука за паузирање на воената помош.
-
Македонија 09.07.2025 11:39
38 лица затруени со салмонела во Прилеп
Институтот за јавно здравје соопшти дека во јуни е пристигната пријава за епидемија со салмонела во Прилеп. Се затруле 38 работници во фабрика, кои консумирале иста храна. Тројца завршиле во болница.
-
Македонија 09.07.2025 11:19
Пожар во близина на дивата депонија во Визбегово
Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи, соопштија од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 09.07.2025 10:48
Повеќе од 160 лица се водат како исчезнати во поплавите во Тексас
Повеќе од 160 лица се водат како исчезнати во поплавите што го зафатија Тексас. Црниот биланс расте, регистрирани повеќе од сто жртви.










