Ниските утрински температури, но и периодот на врнежи, веќе го зголемуваат обемот на работа на инфективниот оддел во кумановската болница. За овој периоден период карактеристична е појавата на риновирусите. Граѓаните најчесто се жалат на симптоми на главоболка, температура, општа слабост.
-
Македонија 28.09.2025 16:26
-
Македонија 28.09.2025 15:31
Храмот „Свети Константин и Елена“ ги отвори вратите за верниците
Скопје доби нов православен храм. По 13 години градба, осветена е црквата „Свети Константин и Елена“ на улица Македонија.
Верниците во долга колона чекаа да влезат во црквата да присуствуваат на историскиот чин на нејзиното осветување.
-
Македонија 28.09.2025 14:57
Охриѓани со пораки кон идниот градоначалник
Поголема грижа за животната средина, планска и одржлива урбанизација, изградба и модернизација на патна, водоводна и канализациона инфраструктура. Ова се дел од пораките на охриѓани до идниот градоначалник.
-
Македонија 28.09.2025 13:55
Велешани не се откажуваат од подготовката на зимницата
На трпезата на повеќето велешани и годинава ќе се најде зимницата. Ајвар, лутеница, туршија, од се по нешто, но ќе ја има. Ова се оптимистичките најави на анкетираните, на градскиот пазар во Велес.
-
Македонија 28.09.2025 13:02
Маж осомничен за изнуда на пари од жена, поведена истрага
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 28.09.2025 10:54
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 28.09.2025 10:21
Сиљановска-Давкова ја доби наградата „Глобален државник“ на прославата 20. години од основањето на ОМД во Детроит
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената Гала вечер којашто по повод 20. годишнината од основањето на Обединетата македонска дијаспора и доделувањето на наградите „40 под 40“ се одржа во Детроит, Мичиген.
-
Македонија 28.09.2025 09:51
Утре стартува кампањата за локалните избори
Утре стартува кампањата за локалните избори. Партиите и независните финишираат со подготовките. Во Штип, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски им се обрати на кандидатите за градоначалник, кои ќе трчаат по довербата на граѓаните.
-
Македонија 28.09.2025 08:43
Облачно време со повремени врнежи од дожд
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 21 степен.
-
Македонија 27.09.2025 20:02
Почина Трифун Талевски, доајен на македонското новинарство
Почина Трифун Талевски, доајен на македонското новинарство, кој целиот професионален живот го помина во Македонската радио-телевизија.










