Заврши истрагата за трагедијата во Кочани. За тешки дела против општата сигурност се товарат четириесетишестмина. Соопштија од кочанското Обвинителство. Одбраната на осомничените ќе може да направи увид во доказите и да предложи свои по што ќе следува одлуката на Јавното обвинителство.
-
Македонија 30.05.2025 14:29
-
Македонија 30.05.2025 13:33
Расте бројот на питачи кои користат дрога
Народниот правобранител претстави анализа за состојбата на децата во Македонија кои користат дрога и други психотропни супстанци. Податоците се загрижувачки – расте бројот на зависници.
Прес-конференцијата ја следеше Викторија Милевска.
-
Македонија 30.05.2025 13:31
Се бараат итни измени на Изборниот законик
Претставниците на седум независни граѓански листи бараат итно да се направат измени на Изборниот законик за да им се овозможи да учествуваат на локалните избори. По одлуката на Уставниот суд, во моментов постои правна празнина.
Известува Игор Панов.
-
Македонија 30.05.2025 13:25
Подигнување на свеста за мултипла склероза
Околу 1.500 луѓе во Македонија боледуваат од мултипла склероза, хронична и прогресивна болест на централниот нервен систем. За жал, секоја година се дијагностицираат меѓу 90 и 120 пациенти. На Светскиот ден се одржа марш за подигнување на јавната свест.
-
Македонија 30.05.2025 13:22
Дел од повредените во пожарот во Кочани ќе се лекуваат во странство
Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ е завршена. Обвинението треба да биде подигнато до крајот на јуни. Паралелно со правната процедура, во кочанската болница продолжува лекувањето на повредените.
Славица Величковска известува од Кочани.
-
Македонија 30.05.2025 13:15
Нова бугарска резолуција за Македонија
Бугарскиот парламент со мнозинство донесе нова резолуција за Македонија – бара да се почитува договорот за добрососедство. Не се прифаќаат обиди за избегнување на преземените обврски. Земјава, пак, лобира во Брисел за европската резолуција.
-
Македонија 30.05.2025 12:29
Лишени од слобода двајца малолетници од тетовско, расчистен случајот со пукањето во Тетово
Вчера во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во с. Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од с.
-
Македонија 30.05.2025 12:10
Муцунски – Грир: Постигнат конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите
За време на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари значајна средба со Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
-
Македонија 30.05.2025 11:39
Бугарскиот парламент со декларација ќе отфрли секаков план „Б“ за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ
Бугарскиот парламент подготвува декларација за отфрлање на планот „Б“ за откочување на преговарачкиот процес со Македонија, пишува белгискиот независен медиум „ИЈУ-алајв“.
-
Македонија 30.05.2025 11:10
Лишен од слобода дилер од Штип, пронајдена дрога
На 29.05.2025 во 10.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.С.(34) од Штип. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје Штип, по добиена судска наредба, извршиле претреси во домот на А.С.










