Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, денеска ќе има аудиенција кај папата Лав 14.
-
Македонија 26.05.2025 08:33
-
Македонија 26.05.2025 08:28
Петта седница на Комисијата за здравство
На петтата седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да продолжи надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“.
-
Македонија 26.05.2025 08:16
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 26.05.2025 08:09
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
Во раните утрински часови во крајните источни региони ќе има слаб дожд. Преку денот времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
-
Македонија 25.05.2025 16:30
Нефункционален систем за справување со отпадот
Количините на отпад во последните години енормно се зголемува, а со тоа и потребата од што поскоро воспоставување на современи регионални центри за управување со отпад.
-
Македонија 25.05.2025 15:52
Ескалираат превирањата во Алијансата за Албанците
Педесетина функционери кои го поддржуваат вицепремиерот Арбен Фетаи му порачаа на лидерот на Алијанса, Таравари дека остануваат во Владата за да работат на реформите и оти немаат намера да коалицираат со, како што ги нарекоа, сили од минатото.
-
Македонија 25.05.2025 14:57
Отфрлена иницијативата за лидерска средба
ВМРО-ДПМНЕ експресно ја отфрли иницијативата на претседателот на СДСМ за лидерска средба. Од владејачката партија сметаат дека нема потреба за разговори со опозицијата, одговарајќи му на Филипче дека тој може да разговара со неговите коалициски партнери.
-
Македонија 25.05.2025 13:46
„Сите за Кочани – трчаме заедно“: Хуманитарна трка во седум градови
Со срцата и мислите кај кочанчани, со телото и духот во трка на Водно. Стартуваа точно во 10 часот за да се солидаризираат со семејствата на 62 загинати во пожарот. Од седум града, но како еден да им покажат дека во својата болка и тага не се сами и дека никогаш нема да бидат заборавени.
-
Македонија 25.05.2025 12:55
МВР: Кривични пријава против четворица скопјани за изнуда и лихварство
Полицијата поднесе кривични пријава против четворица скопјани за изнуда и лихварство.
-
Македонија 25.05.2025 12:40
Креативна дипломатија за изнаоѓање решение со Бугарија
Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија, вели во интервјуто за Радио Слободна Европа, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.










